
Винер слот клуб е претпознатлив бренд на компанијата Глобал Гаминг која поседува 11 локали низ Македонија. Секој слот клуб е опремен со рулет и слот автомати од најновата технологија. Нашата компанија работи според високи стандарди и најголем фокус е ставен на грижа и гостопримство на своите клиенти.
Грижата за вработените е приоритет на компанијата.
Динамиката и растот на компанијата отвори пат до нови работни места, а моментално сме во потрага по:
ХАУС МАЈСТОР
Опис на работно место:
- Целосно одржување на клуб (електрична инсталација, водоводна инсталација, системот за вентилација и климатизација, менување сијалица, брава и сл.);
- Чистење и одржување на одводниот систем, надворешното осветлување и реклами, покриви и олуци
- Сервисирање и одржување на електрични апарати (пример фрижидер, телевизор и сл.)
Бара:
- Флексибилност, самоиницијативност, тимска работа и способност за работа под притисок;
- Чесен однос кон работата, доверливост, лојалност и одговорност;
- Прецизност и брзина во извршување на секојдневните работи;
- Одговорно и правилно ракување со средствата за работа
Нуди:
- Приватно здравствено осигурување
- Работа во една од најперспективните компании во оваа област.
- Вреднување и наградување на вашата работа и залагање.
- Тим билдинг активности
Ве молиме Вашето CV да го испратите на електронската адреса: [најави се за да го видиш е-маилот]