Главен сметководител

ФЕНИКС Фарма како дел од германската групација PHOENIX, која е водечка веледрогерија за лекови во 26 земји ширум Европа, секојдневно придонесува за подобра и побезбедна здравствена услуга, опфаќајќи го целиот синџир на набавка во фармацевтската индустрија, од производителите на фармацевтски производи, сѐ до аптеките, докторите, болниците и пациентите.

Доколку сте прилагодливи, сакате предизвик, имате позитивен и професионален пристап кон работата, Ве повикуваме да се приклучите на нашиот тим на работно место:

ГЛАВЕН СМЕТКОВОДИТЕЛ

Одговорности:

  • комплетно водење на сметководственото работење и контрола на истото
  • изготвување на финансиски извештаи
  • разновидни и сеопфатни сметководствени активности во согласност со сметководствените стандарди и принципи, како и со сите релевантни законски и регулативни прописи
  • следење на обврски и планирање на средства за плаќање
  • месечно затворање на сметководството
  • изработка на прегледи поврзани со месечното затворање
  • водење на проекти поврзани со сетирање на САП
  • изготвување на завршна сметка

Квалификации:

  • високо образование од областа на економските науки
  • минимум 3 години работно искуство како главен сметководител
  • интернационално искуство или работа во интернационална компанија е предност
  • лиценца за овластен сметководител - задолжително
  • одлично познавање на  MS Office и познавање на англиски јазик
  • познавање на САП – предност
  • познавање на соодветната македонска законска регулатива и меѓународни сметководствени стандарди
  • висока работна етика, доверливост и одговорност кон доверените работни задачи

 

Ние нудиме работа во амбициозен и професионален тим, каде ќе имате можност да ги унапредите вашите вештини во динамична работна средина.

Работниот однос за позицијата ce заснова на определено време од 3 (три) месеци, со можност за продолжување на договорот. Дневното работно време на оваа позиција е 8 часа, со почеток од 08:00 до 16:00 часот. Неделното работно време е од понеделник до петок.

Доколку се пронајдовте во горенаведениот опис, пратета ја својата пријава  на e-mail [најави се за да го видиш е-маилот]

Рок на пријавување 7 дена од датумот на објавување на огласот.

Ќе бидат контактирани само кандидатите кои ги исполнуваат горенаведените квалификации.

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »