Нотарски стручен соработник

Нотарската канцеларија на Нотар Весна Дончева  има потреба од Нотарски стручен соработник и/или Нотарски Приправник

ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ

  • Високо образование – магистар по правни науки (300 ЕКТС) или дипломиран правник. 
  • Првенствено право имаат лица со работно искуство во нотаријат вклучувајќи работа на УЗП заверки односно работење преку Мој нотар,  нотарски платни налози,  солемнизации,  познавање на системот на Агенцијата за катастар на недвижности, ситемот на ЗЕЛС, како и системот на Централен/Заложен регистар, 

Профил на личност:

  • Организираност и одговорност,
  • Одлични комуникациски вештини,
  • Професионален и љубезен однос при комуникација ,
  • Лојалност, самоиницијативност, темелност, енергичност,
  •  Ние Ви нудиме одлични услови за работа и пријатна работна атмосфера.

Сите заинтересирани кандидати кои ги исполнуваат горенаведените услови да испратат CV преку полето за аплицирање.

Работното време започнува од 08:30 до 16:30 часот, од понеделник до петок.

Со доставување на кратката биографија, давате согласност Вашите податоци да бидат задржани и користени од Нотар Весна Дончева за потребите на избор на кандидат за потребното работно место.

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »