Возач на службено возило

  • Објавен на 9.2019
  • Биро проект
  • Активен до 01.10.2019
  • Позиција: Возач/Управувач
  • Локација: Скопје
  • Телефон: 3243790

(преземи го огласот како PDF)

Деловен систем АДИНГ АД Скопје, една од водечките компании за производство, примена и пласман на хемиски материјали кои се употребуваат во градежништвото има потреба од вработување на:

ВОЗАЧ

ЗА ПОТРЕБИТЕ НА КАБИНЕТОТ НА ГЕНЕРАЛНИОТ ДИРЕКТОР

Потребни квалификации:

Завршено најмалку средно образование

Задолжително претходно работно искуство на иста или слична позиција

Поседување возачка дозвола Б – категорија (активен возач, Ц категорија ќе се смета за предност)

Познавање на територијата на град Скопје и Република Северна Македонија

Основно познавање на автомобилската технологија

Познавање на странски јазик

Личен профил:

Одговорна, принципиелна и доверлива личност

Лојалност и професионалност

Навременост и точност

Уредност и самоиницијативност

Развиени комуникациски вештини

Позитивен став

Профил на работната позиција :

Управување на службено возило за потребите на Друштвото

Грижа за техничка исправност и хигиена на службеното возило

Прецизност и точност во извршувањето на работните задачи

Способност за следење на инструкциите за работа и работни упатства

Придржување кон постапките и упатствата на компанијата, како и кон мерките за

безбедност и здравје при работа

Што нудиме:

Вработување на определено време од 6 месеци, со можност за продолжување на

истото и можност за напредување

Стабилна работа

Редовни и стимулативни примања

Осигурани на полно работно време

Позицијата е со седиште во Скопје, со патување во странство во регионот и пошироко

Работно време од 08:00-16:00 h (понеделник-петок)

Од пријавените кандидати ќе се избере едно лице.

Кандидатите кои ќе влезат во потесен круг на избор, ќе бидат повикани на тестирање и интервју.

Доколку сте спремни за предизвикот да се вклучите во тимот на АДИНГ и ги исполнувате наведените квалификации, доставете апликација со содржина:

  • Мотивационо писмо
  • CV со фотографија
  • Копија од документи со кои се презентираат останатите барани услови

Доколку сте заинтересирани за наведената позиција и Вашиот профил одговара на барањето, Ве молиме пратете Ваша биографија (CV) електронски на следната mail адреса  [најави се за да го видиш е-маилот]  или по пошта на  ул.Новоселски пат (1409) бр.11 Скопје

АДИНГ АД Скопје

 

Слични огласи »

вести · настани · интервјуа · технологија · hr вести · забава · здравје · hr совети · блог
барај огласи за вработување »