Продавач во книжарница

  • Објавен пред една недела
  • Издавачки центар ТРИ
  • Активен до 22.10.2021
  • Позиција: Продавач/трговец
  • Локација: Скопје

Книжар не е обичен човек кој продава книги. Тој е програмски пребарувач со вистинско човечко срце. Водич низ книжевните светови. Херој на читателите.

Ако ги сакаш книгите, насмевките, и ако сакаш да видиш како книжевните ликови добиваат човечки облик, тогаш во овој оглас дефинитивно го пишува твоето име. Тоа се основните квалификации, а еве ги следните:

Потребни квалификации:
- Завршено високо образование (книжевност се смета за предност)
- Одлично познавање на работа со компјутер
- Знаење англиски јазик.

Потребни способности и вештини:
- Одлично познавање на книжевноста
- Одлични организациски способности
- Вештини на продавање
- Комуникативност, отвореност, љубезност
- Висока професионалност
- Подготвеност за работа во смени
-Заинтересираност за новитети.

Почетна плата: 18 000 денари 

Време за пријавување на огласот – до 20.10.2021 г.

Ги повикуваме заинтересираните кандидати да пратат CV на македонски и мотивациско писмо на:  [најави се за да го видиш е-маилот]

Ќе се земат предвид само апликантите кои целосно ги исполнуваат наведените услови.