Правник

За компанијата: ПРОЕКТ 42 е правен субјект со одобрена лиценца за управител, издадена од Регулаторната комисија за домување, чијашто примарна дејност е управување со заеднички делови на станбени, станбено-деловни и деловно-станбени објекти за домување. повеќе за компанијата »

Поради развојни цели на компанијата ПРОЕКТ 42 има потреба од работник на следнава позиција во Куманово:

ДИПЛОМИРАН ПРАВНИК

Како компанија нудиме:

✅ Динамична работна средина.
✅ Свеж пристап кон работните обврски.
✅ Можност за развој во компанијата.
✅ Бонуси во зависност од видот и квалитетот на завршените задачи.
✅ Пријатна работна атмосфера и работа со млад и мотивиран тим.

Потребни квалификации:

✅ Високо образование.
✅ Со или без работно искуство.
✅ Познавање на практична примена на Законот за домување се смета за предност. 

Лични карактеристики:

✅ Динамична личност со способност за преземање иницијативa.
✅ Висок личен интегритет и професионален деловен однос.
✅ Одлични организациски и комуникациски вештини.
✅ Прецизен, точен и аналитичен пристап во работењето.
✅ Способност за работа под притисок во кратки временски рокови.
✅ Посветеност и одговорност.
✅ Лојалност.

Заинтересираните кандидати може да ни ја испратат својата кратка биографија на е-пошта: [најави се за да го видиш е-маилот] .

Огласот трае 10 (десет) работни дена, сметано од денот на објавувањето на огласот. Изборот ќе се изврши во рок од 5 (пет) дена по истекот на рокот за пријавување.

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »