Специјалист за трејд маркетинг

За компанијата: HR 2 UNLIMITED е еден од водечките даватели на услуги со човечки ресурси во Северна Македонија и Западен Балкан, присутен во повеќе од 9 земји со свои претставници, со над 12 години искуство. Во последниве... повеќе за компанијата »
  • Објавен на 5.2021
  • HR 2 Unlimited
  • Активен до 05.06.2021
  • Позиција: Економист/Сметководител/Ревизор
  • Локација: Скопје
  • Веб: hr2unlimited.com/

За нашиот клиент, реномиран производител на млечни производи, бараме:

СПЕЦИЈАЛИСТ ЗА ТРЕЈД МАРКЕТИНГ  

ОПИС НА РАБОТНИТЕ ЗАДАЧИ:

  • Изработува и предлага месечен и квартален план на трејд маркетинг активности.
  • Детално ја следи и анализира дистрибуцијата, асортиманот по формати на објекти, позиционирањето и изложеноста на производите во маркетите, и непосредно дава поддршка на тимовите за продажба и мерчандајзинг за подобрување на позициите и продажбата на производите.
  • Изработува извештаи за продажба по производи и канали.
  • Секојдневно комуницира со Принципалите и продажниот тим со цел ефикасна имплементација на зададените таргети.
  • Учествува и помага во составување предлог-програма за рекламно – пропагандни активности.
  • Врши следење на состојба и менџирање на промотивниот материјал (од нарачка до реализација).
  • Врши секојдневна координација со продажниот тим и ја следи егзекуцијата на промоциите.
  • Ги координира маркетингшките активности кај клучните купувачи.
  • Организира и реализира промотивни настани – in and out of store.
  • Организира промоции со промо тимови и врши едукација, имплеменатција и мерење на резултатите.

КВАЛИФИКАЦИИ:

  • Предходно работно искуство – трејд маркетинг, продажба, маркетинг
  • Минимум VII¹ BCC ( предност кандидатите со завршен Економски
  • факултет)
  • Познавање на Англиски јазик ( предност е познавање на Турски јазик )
  • Компјутерски вештини и софтверски пакет MS – Office
  • Возачка дозвола Б– категорија ( активен возач )

ОЧЕКУВАНИ ВЕШТИНИ И СПОСОБНОСТИ:

  • Одлични комуникациски вештини
  • Организациски и аналитички способности
  • Динамични, иницијативни и насочени кон резултати
  • Способност за индивидуална и тимска работа
  • Способност за работа под притисок и со кратки рокови
  • Креативни, претставителни, со позитивен став
  • Амбициозни, упорни и самоиницијативни и мотивирана личност

Кандидатите кои ги исполнуваат горенаведените услови,  своите професионални биографии можат да ги проследат на: [најави се за да го видиш е-маилот]

При апликација ве молиме наведете ја позицијата за која аплицирате.

Крајниот рок за аплицирање е најдоцна до: 28/05/2021

Сите пристигнати биографии ќе се третираат со максимална доверливост.

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »