
Плата од 25.000 ден. до 30.000 ден.
МОД ЕЛЕКТРОНИКС 2021 ДООЕЛ Скопје е компанија која е ексклузивен дистрибутер на ISMOD уреди и тутунски производи од несогорлив тутун. МОД ЕЛЕКТРОНИКС 2021 ДООЕЛ е брзорастечка компанија која за релативно краток период е добро поставена на пазарот и има цел со тимска работа да постигне уште подобри резултати.
За повеќе информации посетете ја нашата веб страна https://ismod.mk/
Одговорности кои следат:
- Достава на роба до коминтенти
- Примање на нарачки од коминтенти и средување на робата за истите
- Следење на наплата
- Следење и грижа за корисниците на електронски уреди ISMOD
- Воспоставување, развивање и одржување на позитивни деловни односи со клиентите.
- Постигнување на договорените продажни цели и резултати во рамки на распоредот
- Анализирање на потенцијалот на територијата/пазарот, следејки ги извештаите за продажба
Ако:
- Важите за личност со високо ниво на комуникациски вештини, позитивен став, како и вештини за преговарање и убедување
- Сте одговорна и професионална личност, која е посветена за остварување на поставените цели
- Сакате да работите во динамична средина, опкружена со енергични личности
И поседувате:
- Диплома за завршено средно образование
- Основно познавање на англиски јазик
- Претходно работно искуство како дистрибутер
- Со основно познавање од областа на компјутерско работење (MS Office)
- Возачка дозвола за Б категорија
Што добивате:
- Стимулативна и позитивна работна атмосфера
- Одлични можности за заработка и напредување
Заинтересираните кандидати да испратат CV на следниот email: [најави се за да го видиш е-маилот] со задолжителна назнака: Дистрибутер реон Кавадарци, најдоцна до 05.06.2023 година.