РАКОВОДИТЕЛ НА ЛОГИСТИКА

  • Објавен пред 2 недели
  • СЕПТИМА
  • Активен до 20.07.2019
  • Позиција: Останато
  • Локација: Скопје

Друштво за увоз - извоз и трговија на големо

Ул.Христо Татарчев 13 бр.9 - Скопје

го проширува својот тим и распишува оглас

 

Реномирана компанија од областа на дистрибуција на лекови, медицински средства и козметички препарати бара амбициозни луѓе, подготвени да со својот личен став и знаење дадат придонес во работењето на компанијата. Ви нудиме позитивна работна атмосфера со можност за понатамошно надградување и развивање на кариерата.

Ако сте позитивни, со изразени аналитички способности, одговорни и имате желба за понатамошно стручно усовршување и стекнување на практични знаења во комплексно работно окружување, да бидете постојано во контакт со нови технологии применети во пракса, пријавете се на огласот за работно место

 

РАКОВОДИТЕЛ НА ЛОГИСТИКА

 

Опис на работна позиција:

  • организација на работата на служба за логистика (експедиција, магацинско работење и електронска обработка на податоци)
  • оптимизација на работните процеси во службата за логистика
  • пратење и рационализација на трошоци произлезени од работењето на службата за логистика
  • следење на логистички процедури со кои се опишува продуктивноста на работата на службата за логистика
  • известување на надредените за реализација на дефинираните цели на службата
  • континуирано усогласување на работењето на службата за логистика со законските прописи

 

Услови:

  • VII-1 степен на стручна подготовка (Сообраќаен факултет-смер логистика, Технички факултет со адекватно насочување)
  • минимум 2 години работно искуство на слична позиција
  • напредно познавање на работа со MS Office пакет
  • активно познавање на англиски јазик
  • искуство во работа со ERP системи
  • возачка дозвола Б категорија

 

Од вас очекуваме да бидете:

  • комуникативни, аналитички, иницијативни
  • одговорни во исполнување на зададените цели и работни задачи
  • подготовени за надоградување и усовршување
  • насочени кон креативно размислување
  • подготвени за тимска работа
  • подготвени за превземање на одговорност за своите одлуки

 

Доколку ги исполнувате наведените критериуми и сте заинтересирани за работа во динамично опкружување, Ви нудиме одлични услови за работа, обука како и можност за искажување на своите професионални способности.

Ве молиме Вашето CV да го доставите најдоцна до 20.07.2019 на e-mail: office@septima.com.mk

 

Ќе бидат контактирани само кандидатите кои ќе влезат во потесниот круг на избор

КЛИКНИ