За компанијата: Со посветеност која трае веќе 15 години, со иновативни и сеопфатни услуги, Мотиви успешно им служи на најголемите компании на нашиот пазар и овозможува креирање на успешни работни односи. Од самиот почеток...
повеќе за компанијата »Мотиви Вработување, за потребите на свој клиент ХАЛК ОСИГУРУВАЊЕ АД СКОПЈЕ, објавува оглас за:
САМОСТОЕН СОРАБОТНИК ЗА ИЗВЕСТУВАЊЕ – КОНТРОЛИНГ/ФИНАНСИИ ВО ДИРЕКЦИЈА ЗА ФИНАНСИИ
Работни задачи:
• Изготвување редовни финансиски извештаи и анализи за работењето на друштвото
• Учество во подготовка на извештаи за регулаторни и државни институции
• Поддршка при изработка на буџети и финансиски планови
• Подготовка на месечни финансиски извештаи за акционери и менаџмент
• Следење на ликвидноста и финансиското работење на компанијата
• Анализа на финансиски резултати, буџетски отстапувања и деловни перформанси
• Поддршка во исполнување на законски и регулаторни обврски
• Учество во усогласување на финансиското работење со даночната регулатива
• Извршување на други задачи согласно потребите на секторот
Потребни квалификации:
• Универзитетска диплома (економија, финансии или сродна област)
• Одлично познавање на Microsoft Office, особено Excel
• Познавање на сметководствени стандарди и финансиска анализа
• Познавање на англиски јазик
Работни услови и бенефиции:
Работа во организирана и современа деловна средина
Можност за професионален и кариерен развој
Континуирани обуки за унапредување на знаењето
Приватно здравствено осигурување
Сите заинтересирани кандидати може да аплицираат на копчето за брза апликација, своите професионални биографии можат да ги проследат на: [email protected] (со назначена позиција за која сте заинтересирани), или со порака на Viber: +389 78 479 313
Напомена: Со испраќање на пријавата, кандидатот дава согласност компанијата да ги обработува неговите лични податоци во постапката за селекција во склад со законот за заштита на лични податоци.
Кандидатот, во секое време, може да ја повлече согласноста со испраќање на известување на електронската пошта [email protected]