За компанијата: Еден од најголемите ланци на ресторани во светот и лидер во начинот на подготовка и послужување на пилешко!
повеќе за компанијата »(преземи го огласот како слика)
Добредојдовте во KFC Македонија
KFC е лидер во подготовка и послужување на пилешко. Еден од најголемите ланци на ресторани во светот со повеќе од 20,000 ресторани во повеќе од 100 држави. Ресторанот го нуди познатион заштитен рецепт на Colonel Sanders за пилешко од кој се прават: пилешки сендвичи, врапови, пилешки крилца и разни пилешки бургери. KFC е дел од франшизата YUM! под која оперираат Pizza Hut и Taco Bell.
KAN LLC (KFC Kosovo) е основана пред помалку од две години и во овој краток период успеа да отвори 9 ресторани со претензија за отварање на повеќе во престојниот период.
Ние можеби сме млади но сме многу енергични и работиме со голема желба и страст. Денес, оваа компанија брои повеќе од 150 паметни, посветени на кариерата индивидуалци во рестораните низ Косово.
Сега се шириме во Македонија како КАН Интернатионал ДООЕЛ и сме во потрага по квалификувани кандидати кои ги делат со нас: нашата визија, вредности, посветеност кон нашите вработени и нашиот супериорен начин на задоволување на потребите на нашите потрошувачи. Планираме да отвориме повеќе од 10 ресторани во Македонија и да овозможиме еднаква шанса на сите да се развиваат на професионално ниво.
- Оглас за вработување на заинтересирани за:
Позиција: Работно место во ресторан. Работно време: Полно работно време и скратено работно време
Место: Скопје (Сити Мол) и Тетово (Палма Мол)
➢ Треба да имате над 18 години и да имате завршено средно образование;
➢ Да имате развиени комуникациски вештини и способности за разговор со широк спектар на луѓе / клиенти, на локален јазик, како и на англиски јазик;
➢ Да поседувате амбиција, мотивација и иницијатива - да бидете независни, но исто така и да уживате во тимска работна средина;
➢ Доколку познавате основни компјутерски вештини, би се сметало за предност!
Нашите ресторани
Во нашите ресторани нудиме 6 работни позиции:
- Генерален Менаџер на Ресторан – Задолжен за сите операции и вработени во ресторанот.
- Помошник Генерален Менаџер на Ресторан – Задолжен за сите операции и вработени во ресторанот.
- Лидер на смена – Задолжен за операциите и вработените во ресторанот за време на една смена.
● Готвачи - Кои свежо ќе ги подготвуваат нашите познати пилешки специјалитети
● Асистенти за подготовка - Кои ќе ги подготвуваат нашите вкусни сендвичи и останати специјалитети.
● Касиери/Продавачи - Кои ќе ги услужуваат нашите клиенти.
Кои одговорности може да ги очекувате
● Подготовка на нашите познати пилешки специјалитети, сендвичи и други оброци;
● Одржување на хигиената при подготовката на храна, местата за чување на храна и хигиена во ресторанот;
● Контрола и правилна подготовка на нашиот познат пилешки рецепт и другите производи до финална испорака на производот до нашите клиенти според стандардите и квалитетот на KFC;
● Поздравување и комуникација со клиентите на пријатен и пријателски начин;
● Превземање, пакување и сервирање на нарачки;
● Почитување на барањата на клиентите и / или обраќање на професионален начин;
● Придржување до сите упатства од KFC за здрава, безбедна и квалитетна храна.
Ако сте заинтересирани за кариера исполнета со многу нови искуства и можност за напредок во еден од најпознатите светски ресторани го очекуваме вашето CV на е-mail: [најави се за да го видиш е-маилот] до 20.07.2018 год.
Внесете го местото, Скопје (City Mall) или Тетово (Palma Mall) во називот на пораката. Cv-то и другите релевантни документи треба да бидат на англиски јазик.
Слични огласи »