Сервисер за бела техника

Друштвото за сервисирање и одржување на електронски уреди за широка потрошувачка СЕРВИС МАКЕДОНИЈА, распишува оглас за вработување на:

 

Сервисер за бела техника

Со место на вршење на работните задачи во Скопје

 

 

Потребно образование, работно искуство, квалификации и вештини:

 

  • Завршено средно образование, пожелно насочено стручно училиште
  • Претходно работно искуство во областа на сервисирање на електронски апарати и апарати за домаќинство;
  • Флексибилност и ориентираност кон пронаоѓање на решенија;
  • Способност за работа со временски рокови;
  • Темелност, одговорност и посветеност;
  • Основно познавање на англискиот јазик (пишан и говорен) ќе се смета за предност;
  • Основно познавање на работа со компјутер, MS Office, Internet;
  • Возачка дозвола Б категорија, активен возач.

 

 

Главни задачи и одговорности:

 

  • Брзо и прецизно дијагностицирање и остранување на настанати дефекти;
  • Точно и редовно следење на работните налози;
  • Редовно известување до претпоставените за напредокот во работните активности и евентуалните пречки;
  • Комуникација со клиентите за временски рокови и статусот со уредите оставени за сервис;
  • Континуирано учење.

 

 

Услови за работа:

 

  • Одлични услови за работа во средина со амбициозен и професионален тим;
  • Континуирана обука

Доколку сте заинтересирани за работната позиција, испратете ја Вашата кратка биографија на e-mail: [најави се за да го видиш е-маилот] , со назнака:  “Оглас за Сервисер за бела техника”

Огласот е активен до 29.05.2018.

 

 

Општи правила за аплицирање:

 

  • Именување на документ за аплицирање - CV (име и презиме на апликантот)
  • Назнака на позицијата за која се аплицира;
  • Согласно Законот за заштита на лични податоци Ве молиме во текстот на е-поштата да наведете дали прифаќате Вашите податоци да се чуваат во збирката за идни вработувања во СЕРВИС МАКЕДОНИЈА или сакате Вашите лични податоци да бидат уништени по истекот на активниот оглас. Доколку нема никаква напомена од Ваша страна, податоците ќе бидат уништени.

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »