Пoжарникар спасувач

За компанијата: ТАВ Аеродроми обезбедуваат интегрирани услуги во сите области на аеродромското работење и во глобални рамки управуваат со 91 аеродром во 26 земји. Како членка на групацијата ADP, ТАВ Аеродроми е дел од... повеќе за компанијата »

Ако сакате да станете дел од семејството на ТАВ аеродроми кое е интернационално распространетo, ако сте спремни да се соочите со предизвиците на аеродромскиот сообраќај, да учите од професионалци во своите области, да се здобиете со сертифицирани дипломи во авионската индустрија и секако да напредувате во својата област, прочитајте понатаму..

Нашата компанија е постојано во потрага по амбициозни и мотивирани кандидати, подготвени да учат и работат во диманична средина каде што се цени иновативноста, желбата за напредок и тимскиот дух. Ако барате можност каде ќе можете да ги остварите своите потенцијали и да ги надмините своите очекувања ве охрабруваме да аплицирате на отворените огласи!

 

ОТВОРЕНИ ПОЗИЦИИ:

          

            Пожарникар спасувач

 

 

ОСНОВНИ ОДГОВОРНОСТИ

 

  • Врши обезбедување од пожари на воздухопловите и објектите на аеродромот; а во исто време ги контролира сите места во објектите, а посебно местата каде што постои опасност од избувнување на пожар;
  • Должен е да ги познава сите насоки,патишта на движење и излези во случај на активирање на Планот за Евакуација на Аеродромот за било каква вонредна ситуација да станува збор;
  • Редовно ја контролира ПП опремата и средствата за гаснење на пожар и спасување и ја одржува во исправна и мобилна состојба;
  • Должен е да ги познава и соодветно да ги употребува средствата за гаснење на пожар кои се наоѓаат во ПП возилата, како и оние кои се наоѓаат во објектите, брзо да ги активира и употребува во случај на пожар; Должен е да ги познава типовите на воздухопловите кои оперираат на аеродромот, со податоците од аспект на ППЗ и спасување;
  • Врши ПП дежурство на платформа при полнење на воздухопловите со гориво и при влегување и излегување на патниците од воздухопловот, а воедно треба да се грижи, редовно да ги одржува во чиста и уредна состојба ПП возила, ПП опремата, гаражите, просториите и кругот на Секторот за  ППЗ;
  • Во текот на зимското одржување, активно учествува во работењето, активностите и извршувањето на постапките на Зимската служба на аеродромот;

 

ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ

 

Средно Образование  (IV степен)

Предност e поседување на возачка дозвола – Ц категорија

Задолжително поседување на сертификат за професионален пожарникар

Сертификат за познавање на Англиски јазик - мин. ниво А2

Најмалку 1 години работно искуство

Организациски вештини и тимска работа

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »