За компанијата: Компанија од фармацевтска индустрија која се занимава со одгледување и екстракција на канабис за медицинска употреба лоцирана во Скопје.
повеќе за компанијата »НЈСК ХОЛДИНГ ДООЕЛ Скопје е компанија од фармацевтска индустрија лоцирана во Скопје, за одгледување и екстракција на канабис за медицинска употреба. Заради зголемен обем на работата, НЈСК ХОЛДИНГ ДООЕЛ има потреба од вработување на следната работна позиција:
* Фармацевт, специјалист за испитување и контрола на лекови – 1 извршител
Потребни квалификации:
- ВСС (дипломиран фармацевт со специјализација за испитување и контрола на лекови);
- Одлично познавање на MS Office - пакетот и интернет пребарувачите;
- Одлично познавање и непречена комуникација (писмена и усна) на англиски јазик;
- Способност за самостојна работа, развиени аналитични и истражувачки способности, внимание на детали, упорност, студиозност, посветеност, организациски и комуникациски способности, ентузијазам за нови знаења и техники, лојалност и дискреција.
Опис на работно место:
- Изработува процедури и пропишува мерки за безбедност и заштита при работа во лабораторијата и го мониторира однесувањето на останатите вработени во лабораторијата во однос на мерките за безбедност и заштита при извршувањето на нивните секојдневни активности
- Ја организира работата во лабораторијата во однос на навремено и точно извршување на анализите на узорцираните примероци од суровини, полупроизводи, готови производи, развојни проби и примероци поставени за следење на стабилност
- Ги проверува добиените резултати наспроти пропишаните спецификации за квалитет и лимити на прифатливост, го одобрува ослободувањето на поизводите за понатамошно процесирање
- Превзема активности за обезбедување интегритет на податоците и нивна следливост
- Проверува дали доследно и точно се пополнуваат евидентните книги, дневници и записи
- Учествува во истражување на добиени резултати, кои се надвор од пропишаната спецификација (ООС) и препорачува корективни мерки
- Изработува и ги проверува сертификатите од анализа, пред нивно издавање
- Се грижи лабораториската опрема да биде редовно калибрирана, квалифицирана и одржувана
- Идентификува проблеми, кои се јавуваат кај аналитичките инструменти / опрема
- Учествува во набавка на потребните реагенси, референтни стандарди и друг потрошен материјал
- Изработува стандардни оперативни постапки и работни упатства за активностите кои се одвиваат во лабораторијата за квалитет
- Ги мониторира постапките за тестирање и работата на аналитичарите, за да осигура дека се почитуваат пропишаните спецификации, методи и протоколи
- Врши обуки на останатите вработени во лабораторијата за квалитет, ја мониторира нивната обученост и потреба од дополнителни обуки
- При несоодветно извршување на активностите на останатите вработени во лабораторијата за квалитет, изрекува корективни и превентивни мерки и ја следи нивната имплементција
- Учествува во супервизија на завршените анализи на суровини, полупроизводи и готови производи и развојни проби
- Организира правилно и документирано складирање на остатоците од лабораториските анализи, до нивно предавање за уништување.
При изборот за најповолен кандидат ќе биде спроведен процес на селекција, проследен со тестирања и интервјуа.
Писмо за мотивација и кратка биографија со фотографија да се достават на следнава email адреса: [најави се за да го видиш е-маилот]
Слични огласи »