Junior SOC Analyst

Infosec Partners е компанија чија примарна дејност е сајбер безбедноста и има долгогодишно искуство во истата. Ние обезбедуваме консултантски услуги, управување со безбедноста, penetration тестови, мониторирање на SIEM платформи, одговор во случај на инциденти и разузнавачки информации за безбедносни закани. Исто така, опслужуваме широк спектар на клиенти од различни индустрии и сме водечки партнери со неколку големи вендори од оваа област.

Доколку сајбер безбедноста е вашата пасија и сакате да соработувате со истомисленици од истата област, Infosec Partners е вистинскиот избор за Вас.

Infosec Partners има потреба од Junior SOC Аналитичари.

Вие би работеле како дел од централизиранот тим за безбедност кој се занимава со истражување на низа закани од ИТ и сајбер безбедност, а исто така тесно соработува и со деловните и техничките тимови се со цел да биде во можност да ги имплементира најдобрите безбедносни практики во мрежата.

Ваште задачи ќе бидат:

  • Мониторирање на SIEM платформи и автоматски безбедносни предупредувања и  достапност на уредите
  • Спроведување на OSINT истражувања и скенирање на слабости на деловите од мрежата кои се достапни во јавната мрежа
  • Одговор при инциденти во мрежата, дополнување на форензички компоненти на компанијата со совети и анализи
  • Учество во проценка на безбедносните закани за услугите кои ги нудиме
  • Разбирање на безбедносните закани со кои се соочуваат нашите клиенти и обезбедување на редовни исражувања и анализи
  • Придонес кон континуиран напредок во рамките на компанијата се со цел таа да постигне извонредни резултати во секој технички поглед

Желни сме да разговараме со кандидати што:

  • Имаат желба да стекнат искуство како SOC аналитичари
  • Имаат добри тимски и организациски способности
  • Одржуваат одлични стандарди во нивната работа и покажуваат висок степен на запазување на детали
  • Имаат желба да се сертифицираат во полињата поврзани со SOC (CompTIA Security+, CREST PSA, CREST Practitioner Threat Intelligence Analyst и сл.)
  • Имаат желба за стекнување искуство во следење на компјутерските мрежи, апликации и системи за сајбер безбедност
  • Имаат желба за запознавање на различни типови на безбедностни закани и справување со истите
  • Имаат желба за стекнување искуството со SIEM, UEBA и Endpoint Security алатките кои ги поседуваме

Оваа позиција е одлична можност за да се стекне разновидно и практично искуство во областа на сајбер безбедност. Доколку сте заинтересирани, аплицирајте веднаш, без двоумење!

Контакт: [најави се за да го видиш е-маилот]

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »