Агроном

За компанијата: Друштво за змејоделство, производство, трговија и услуги БИСТРЕН ДООЕЛ с. Љуботен Штип повеќе за компанијата »
  • Објавен на 6.2022
  • БИСТРЕН ДООЕЛ
  • Активен до 23.06.2022
  • Позиција: Земјоделец
  • Локација: Штип

Активни огласи од БИСТРЕН ДООЕЛ:

Управувач со градежни машини

Друштвото за земјоделство, производство, трговија и услуги БИСТРЕН ДООЕЛ с. Љуботен Штип е млада и перспективна компанија со амбиција да биде лидер и пионер во модерно и еколошко земјоделско производство на овие простори, притоа користејќи најсовремена технологија и механизација.

Со цел проширување на својот тим, за потребите на работниот процес, БИСТРЕН ДООЕЛ објавува оглас за работнo место:

АГРОНОМ

РАБОТНИ ЗАДАЧИ И ОДГОВОРНОСТИ:

  • Изготвување план на активности на неделно и месечно ниво
  • Внесување на податоци од терен во систем
  • Контрола на сите процеси на насадите
  • Поднесување навремени барања за набавка на материјали и препарати неопходни за работните процеси
  • Организација на вработените според планот за работа

 ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ, ВЕШТИНИ И СПОСОБНОСТИ:

  • Завршено високо образование од областа на агрономијата и овоштарство
  • Претходно работно искуство во областа
  • Интерес и познавања околу работа со агрогенетика, агродронови, карбонфарминг
  • Познавање на англиски јазик
  • Одлично познавање на MS Office
  • Активен возач, Б-категорија
  • Добра психо-физичка подготвеност

Очекуваме добри комуникациски вештини, ориентираност кон тимска работа, доверливост, чесност, лојалност, непристрасност, одговорност.

Во Бистрен ДООЕЛ Ве очекува млад и динамичен тим за соработка во компанија со голема перспектива, атрактивни приходи, стручен развој и едукација, работа согласно научен пристап, креативни и иновативни проекти, развој и примена на генетски инженеринг, следење и имплементирање на најсовремените текови во земјоделството.

Доколку сметате дека ги исполнувате горенаведените услови и квалификации, Ве охрабруваме да ја поднесете Вашата апликација.

*Само кандидатите кои ги исполнуваат условите и кои што ќе влезат во потесен круг на селекција ќе бидат контактирани.

*Сите пристигнати апликации за работа ќе се третираат со целосна доверливост.

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »