Координатор за продажба

За компанијата: ФМС дооел е специјализирана компанија која ги нуди сите услуги поврзани со имотот. Компанија која ќе го процени, идентификува и претстави најдоброто решение за предизвиците и проблемите со кои се соочува... повеќе за компанијата »
  • Објавен на 5.2019
  • ФМС дооел
  • Активен до 12.06.2019
  • Позиција: Персонал во продавница/Касиер
  • Локација: Скопје
  • Веб: fms.mk/
  • Facebook: fms.skopje

Фасилити Менаџмент Сервицес Дооел - Скопје, компанија која на своите клиенти им нуди интегриран систем на услуги од областа на управување на недвижнини и нивно одржување од секаков вид.

Поради проширување на дејноста Фасилити Менаџмент Сервицес објавува оглас за вработување на:
КООРДИНАТОР ЗА ПРОДАЖБА

 

Обврски и одговорности:

  • Креирање и имплементација на стратегии за ширење на продажната мрежа
  • Организирање, координирање и водење на продажните активности
  • Организирање и водење на состаноци и презентации
  • Воспоставување и одржување на добри односи со клиентите
  • Изработка на понуди
  • Следење на пазарот и евалуација на потенцијалот за развој на нови продажни активности
  • Стратешко планирање и развој на нови производи и услуги
  • Раководење со тимот за продажба и продажната мрежа
  • Редовно известување и водење на соодветна евиденција за текот на проектите

 

Квалификации:

  • Високо образование – Економски факултет
  • Најмалку 3 години работно искуство во продажба
  • Задолжително познавање на англиски јазик (деловна усмена и писмена комуникација), познавање на германски јазик ќе се смета за предност
  • Работа на компјутер (MS Office пакет)
  • Добри комуникациски и организациски способности
  • Способност за работа под притисок и зададени рокови
  • Способност за решавање на проблеми
  • Прецизност и флексибилност

Доколку сметате дека ги исполнувате наведените услови и сте заинтересирани за нови предизвици и постојан развој на Вашата кариера, испратете Ваша кратка биографија (CV) и мотивационо писмо на следната email адреса: [најави се за да го видиш е-маилот] , со задолжителна назнака на работното место за кое аплицирате.

Само апликациите кои ќе влезат во потесен круг, ќе бидат контактирани.
Апликациите без назнака нема да бидат разгледани!

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »