Оператор во производство

За компанијата: Magna International Inc. is a leading global automotive supplier dedicated to delivering new mobility solutions and technology that will change the world. Our products can be found on most vehicles today... повеќе за компанијата »

Активни огласи од Magna International:

Production planner and procurement - IOT Developer - HR Manager

(преземи го огласот како PDF)

Известување за приватност на кандидати за вработување

  1. Краток опис на процесот на обработка на личните податоци

Селекција на кандидати за вработување во Магна Мирорс Саут Ист Јуроп.

  1. Целта на ова Известување и неговиот правен основ

Ние ги обработуваме Вашите лични податоци врз основа на Законот за заштита на личните податоци (Сл. Весник на РСМ бр. 42 од 16.02.2022).

Информациите во прилог на ова Известување се согласно членот 17 од Законот за заштита на личните податоци.

  1. Кој е Контролор?
  • Контролор е Магна Мирорс Саут Ист Јуроп ДООЕЛ Струга
  • Адреса: Населено место без уличен систем бр. ТИРЗ Мислешево, 6330 Струга
  • Телефонски број: +389 72 827 184
  • Маил за контакт: [најави се за да го видиш е-маилот]
  1. Кои лични податоци ви ги обработуваме и кој има пристап до нив?

Ние ви ги обработуваме оние лични податоци кои Вие ги имате наведено во личната биографија што ни ја имате пратено.

Ги обработуваме податоците кои Ве идентификуваат и Вашите контакт податоци (име, презиме, националност, датум на раѓање, маил адреса, телефонски број).

Ние може да обработуваме и друга документација која Вие би ни ја пратиле во прилог на личната биографија, како на пример сертификати, препораки и слично.

До Вашите лични податоци пристап може да имаат:

Вработените во Одделот за човечки ресурси одговорни за процедурата на избор на кандидати како и одговорниот раководител/менаџер во чиј оддел би работеле.

  1. Од каде ги добиваме Вашите лични податоци?

Директно од Вас.

  1. Зошто ги обработуваме Вашите лични податоци и врз која законска основа?

Вашите лични податоци ги обработуваме за да избереме соодветен кандидат кој би ја пополнил отворената работна позиција.

Вашите лични податоци ги обработуваме како преддоговорна активност, односно законскиот основ на обработката е исполнување на договор каде вие сте договорна страна или за преземање на активности на барање на субјектот на личните податоци пред негово пристапување кон договорот (чл. 10 ст. 1 ал. 2 од Законот за заштита на личните податоци)

  1. Колку долго ги чуваме Вашите лични податоци?

Времето на чување на Вашите лични податоци е следно:

За неизбраните кандидати 12 месеци.

За избраните кандидати 12 месеци.

За кандидати кои доставуваат лични биографии без распишан оглас 12 месеци.

  1. Кои се Вашите права?

Право на пристап – имате право да добиете потврда за тоа дали се обработуваат вашите лични податоци, како и да добиете пристап до вашите лични податоци и дополнителни информации кои се однесуваат на обработката на личните податоци.

Право на исправка - доколку сметате дека било кои лични податоци кои ги собираме се неточни или нецелосни, имате право да побарате и добиете исправка на неточните податоци или дополнување на нецелосните лични податоци.

Право на бришење – имате право да побарате да се избришат вашите лични податоци, а ние тоа барање ќе го прифатиме доколку личните податоци повеќе не се потребни за исполнување на целите, доколку приговорите на обработката и не успееме да докажеме дека нашиот легитимен интерес е поголем од вашите основни слободи и права, и доколку личните податоци се обработуваат незаконски.

Право на повлекување на согласноста – имате право да ја повлечете дадената согласнос во секое време, без да се влијае на законитоста на обработката која била заснована на согласноста пред истата да биде повлечена.

Право на преносливост – имате право да ги добиете вашите лични податоци во структуриран, вообичаено користен, машински читлив формат при што имате право да ги пренесете тие податоци на друг контролор. При остварување на правото на преносливост, вие имате право да добиете директен пренос на личните податоци од еден контролор на друг, ако тоа е технички возможно.

Право на ограничување на обработката на вашите лични податоци – имате право да побарате обработката да запре додека се утврдува точноста на податоците, додека се проверува дали легитимниот интерес преовладува над вашите основни права и слободи и слично.

  1. Контакт информации

Вашите права можете бесплатно да ги остварите контактирајќи ги нашиот офицер за заштита на личните податоци на [најави се за да го видиш е-маилот] или да ни се обратите нас лично во просториите на Магна Мирорс Саут Ист Јуроп, или преку пошта со назнака Офицер за заштита на личните податоци, а ние ќе Ви одговориме во рок од 30 дена.

Поштенска адреса на Магна Мирорс е: Населено место без уличен систем бр. ТИРЗ Мислешево, 6330 Струга

Ако се уште сметате дека Вашите лични податоци не се обработуваат во согласност со Законот, можете да ја исконтактирате Агенцијата за заштита на личните податоци.

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

Слични огласи »

Внеси нов оглас

барај огласи за вработување » барај останати огласи »