Електричар

За компанијата: ESC (Executive Search Consulting) е водечка македонска компанија во областа на консултантски услуги за човечки ресурси. Нашата цел е да ги обезбедиме најдобрите приспособени решенија за вашите потреби за човечки ресурси, без оглед на времето или интензитетот на потребниот напор. повеќе за компанијата »

Нашиот клиент, Друштвото за производство на акумулатори ТАБ МАК дооел Пробиштип, во својата Служба за одржување вработува кандидати на позицијата:

ЕЛЕКТРИЧАР

Локација на работното место: Пробиштип

Број на отворени работни места: 5

Задачи и одговорности:

  • Решавање и отстранување на дефекти на машини;
  • Превентивно одржување;
  • Преглед на електрични шеми и техничка документација;
  • Демонтажа и монтажа на електронски уреди и машини;
  • Проследување на податоци за дефекти до претпоставени;
  • Предлози за намалување на дефекти;
  • Инсталација на нови системи, поврзување и пуштање во активна работа;

Распоред за работа:

  • Четирисменски систем на работа (2 дена прва смена, два дена втора смена, два дена трета смена, два дена се одмара);

Барања:

  • ССС - Стручно образование во областа на електрика;
  • Со или без работно искуство
  • Насоченост кон достигнување на поставените цели;
  • Комуникативност и способност за тимска работа;
  • Чувство за работа со луѓе;
  • Способност за решавање на конфликтни ситуации;

Понуда:

Финансиска понуда

  • Стимулативен пакет на наградување
  • Додаток за работен стаж во износ од 0,5% за секоја година работен стаж;
  • Прекувремена работа: се плаќа согласно позитивните законски прописи во државата;
  • Регрес за летен одмор чија висина се утврдува секоја година со одлука на раководството (во 2024 година исплатен е максимален регрес во висина од 720 ЕУР во денарска противвредност);

Бенефиции:

  • Новогодишенен бонус  чиј износ се утврдува на крајот на календарската година врз основа на успешноста од работењето (во 2023 година исплатен е новогодишен бонус во износ од 500 ЕУР во денарска противвредност);
  • Трет дополнителен пензински фонд (се исплаќа по 3 месеци работен стаж во фирмата и во износ од 3% );
  • Дополнително приватно здравствено осигурување (по 3 месеци работен однос);
  • Колективно осигурување од незгода;
  • Организиран превоз или покриени патни трошоци
  • Организирана исхрана во фабриката (достапни се неколку менија);
  • Обезбедена ХТЗ опрема, чиста и безбедна работна средина (перална и тушеви во фабрика, по завршување на работна смена);
  • Новогодишен подарок за секој вработен;
  • Роденденски подарок за секој вработен;
  • Бенифициран стаж согласно Правилник за зголемено траење на стаж (погон монтажа, формација и плочи 12/15, погон рециклажа 12/16);
  • Јубилејна награда 10 години;
  • Можност за патување за Ден на фабирка за најдобри работници;
  • Подарок за првачиња;
  • Попуст 10% во продавниците на ОФФИЦЕ ПЛУС;
  • Субвенционирање курс по роботика за децата на вработените;

Доколку сте мотивирани и ги исполнувате условите, испратете ja вашата биографија на линкот. За повеќе информации јавете се на 02/2700-425.

Сите пријави ќе се разгледуваат во строга доверливост. Само кандидатите од потесниот круг ќе бидат контактирани за дополнителни интервјуа.

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

Слични огласи »

Внеси нов оглас

барај огласи за вработување » барај останати огласи »