Друштво за услуги РСМ ИТ Македонија ДООЕЛ лого

Асистент за пресметка на плата

(преземи го огласот во Word)

Друштво за услуги РСМ ИТ МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ Скопје, објавува оглас за работнo местo: „Асистент за пресметка на платаза позиција во Скопје:

  1. Опис на работно место „Асистент во секторот за пресметка на плата

               Вработениот ќе ги има следниве работни одговорности:

  • Води евиденција за боледувањата на вработените на клиентот и врши поднесување на документи за боледување на вработени до Фондот за здравствено осигурување;
  • Води евиденција и поднесува обрасци за здравствено осигурување и обезбедува здравствени картони за вработените на клиентот;
  • Води евиденција и врши пријавување и одјавување на вработени на клиентот во Агенцијата за вработување;
  • Води евиденција и врши пријавување/одјавување односно регистрации во други државни институции;
  • Изготвува пресметки за плата и извештаи врз основа на месечни варијабилни податоци

Критериуми за работно место:

Кандидатот треба да ги исполнува следните критериуми:

  • Високо образование;
  • Добро познавање на MS Office, посебно на MS Excel;
  • Добри познавања од областа на ИТ;
  • Владеење на странски јазик – англиски;
  • Добри аналитички способности;
  • Уредност;
  • Одговорност;
  • Умешност да се работи со голем обем на информации;
  • Работа во куси временски рокови;
  • Исполнителност;
  • Способност за индивидуална и тимска работа;
  • Одговорна и лојална личност;
  • Позитивен став.

 

Вашите професионални биографии и друга документација, како и копија од уверение и/или диплома за завршено високо образование можете да ги доставите на следната e-mail адреса: [најави се за да го видиш е-маилот] со задолжителна назнака за„За работно место: Асистент за пресметка на плати“. Искуството во наведената област е добредојдено и ќе се смета за предност.

Датум на огласот: 06.12.2021

Прием на апликации до: 06.12.2021

Огласот трае до 17.12.2021 година, а изборот ќе се изврши преку претходно тестирање, во определен рок согласно бројот на пријавени кандидати како и Законот за работни односи на Република Северна Македонија.

• САМО апликациите кои ќе влезат во потесен круг, ќе бидат контактирани.

Слични огласи »

вести · настани · интервјуа · технологија · hr вести · забава · здравје · hr совети · блог
барај огласи за вработување »