За компанијата: Зегин ДОО е првата приватна компанија во Република С. Македонија регистрирана за продажба на лекови. Како една од најуспешните и најголемите компании кај нас, со најдобра инфраструктура и најголема дистрибутивна...
повеќе за компанијата »(преземи го огласот како слика)
АСИСТЕНТ ЗА ПРОДАЖБА
За позицијата:
- Продажба на производите во делот за козметика и здрава храна.
Потребни квалификации:
- Образование: ССС / ВСС,
- Познавање на MS Office,
- Познавање на Англиски јазик,
- Комуникативност и преговарачки вештини,
- Трудољубивост и доверливост,
- Мотивација за работа во тим.
Главни обврски и одговорности на позицијата:
- Прием и изложување на роба согласно пропишани процедури,
- Внесување фактури,
- Ориентираност кон потреби на купувачи,
- Позитивен однос и убедливост во комуникацијата,
- Примена на стандардите за работа,
- Грижа за имиџот на фирмата.
Што нудиме:
- Солидни месечни примања + стимулативен варијабилен дел во зависност од остварувањата,
- Програма за препораки „Биди и ти награден за нов член во нашата компанија“,
- Бенефити за вработени,
- Учество на различни настани: саеми, конференции и обуки,
- Протокол за грижа на здравјето - "Здравјето на вработените е наш приоритет",
- Можност за професионален развој и надоградба.
Доколку сте енергични, храбри и полни со ентузијазам за личен развој и напредување, како и професионални компетенции за успешно да работите во областите наведени погоре, Ве молиме испратете пропратно писмо и биографија на македонски јазик со ознака Асистент за продажба на [најави се за да го видиш е-маилот] или јавете се за повеќе информации на 071 310 272 или 071 388 058.
Предност ќе имаат кандидатите кои имаат работно искуство во малопродажба.
Слични огласи »