Асистент за продажба Скопје

За компанијата: Брендот b watch 1920 е многу добро познат кај нас. Датира уште во далечната 1920 год, започнувајќи како семејна традиција на продажба, дистрибуција како и сервисирање на висококвалитетни часовници и накит. повеќе за компанијата »

b watch 1920 како најценет и добро познат бренд за продажба на часовници и накит во Македонија, има потреба од проширување на тимот асистенти за продажба во салоните во Скопје.

Потребни ни се кандидати кои се подготвени да се докажат и научат неопходни вештини за продолжување на својата кариера со искусен тим за продажба.

Краток опис на работните задачи и одговорности:

- грижа за имиџот на компанијата

- примена на стандардите за работа

- градење и негување добри односи со потрошувачите

- ориентираност кон препознавање на потребите на потрошувачите

- примена на продажни вештини

- презентирање на нови производи и акции

- евиденција на документи во малопродажба

- прием и изложување на часовници и накит согласно пропишани процедури

- одржување на хигиена во продажниот салон

Потребни квалификации:

- развиени комуникациски вештини и подготвеност за тимска работа

- желба за понатамошно учење и развој

- совесност, одговорност и самомотивираност

- флексибилност и способност за адаптација

- самоиницијативност

- трпеливост

- способност за работа под притисок

- најмалку завршено средно образование

- општо познавање на MC Office програмите и интернет

- претходно работно искуство не е потребно

Потребна документација:

- CV не постаро од 6 месеци

- пријавено образование во агенција за вработување

Вие добивате:

- мотивирачка и пријателска средина каде што вредностите и резултатите се на прво ниво

- можност за работа со докажан тим за продажба и уникатна шанса за унапредување на знаењето во областа на продажба

Предност ќе имаат апликанти со работно искуство во продажба и комуникација со клиенти.

Селекција на пријавените кандидати ќе се изврши од страна на тим експерти во просториите на b watch 1920 .

Ве покануваме доколку имате интереси и соодветствувате со опишаниот профил за позицијата  и ги исполнувате сите горенаведени точки испратете Ваша апликација со професионална биографија најдоцна до 01.04.2022 год.  на  [најави се за да го видиш е-маилот]  со назнака Асистент за продажба – Скопје

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

Слични огласи »

Внеси нов оглас

барај огласи за вработување » барај останати огласи »