Унапредувач на мрежа (Network Developer)

За компанијата: Монета Финанциал Сервицес ДООЕЛ Скопје е небанкарска финансиска институција (НБФИ) и е водечка компанија во Северна Македонија, специјализирана за обезбедување финансиски услуги за брз трансфер на пари. Лиценцирано... повеќе за компанијата »

(преземи го огласот во Word)

                                                                               ОГЛАС

                             за Унапредувач на мрежа (Network Developer)

 

Работни задачи и одговорности:

  • Врши анализа на терен за потенцијални локации и таргетира соодветни бизниси за соработка ;
  • Ја промовира услугата и производите на MoneyGram и Монета ;
  • Врши постојана анализа на пазарот, субагентите и развојот на теренот ;
  • Се вклучува во работата на субагентите (потпишување договори, лиценцирање, инсталација на софтерот, обуки) во соработка со останатите сектори во компанијата ;
  • Врши непосредна контрола над субагентите за почитување на законските одредби во скоп на услугата брз трансфер на пари ;
  • Во соработка со субагентите работи на развивање и зголемување на обемот на работата –транскациите ;
  • Утврдува план за периодични контроли со изготвување на записник ;
  • Покренува иницијативи за подобрување на квалитетот на услугите ;
  • Врши надзор на останатите конкуренти на пазарот ;
  • Помага при снабдувањето субагентите со потрошувачки и маркетинг материјали ;
  • Предлага нови маркетиншки активности и кампањи ;
  • Помага во реализирањето на годишните планови на MoneyGram и Монета.

Подготовка и професионални вештини:

  • Минимум ССС, ВСС ќе се смета за предност ;
  • Поседување на возачка дозвола Б категорија – активен возач ;
  • Одлични комуникациски вештини на Македонски и Англиски јазик ;
  • Минимум 1 година работно искуство во развој на бизнис, продажба  ;
  • Комуникациски, преговарачки и организациски вештини ;
  • Способност за работа под притисок и работа со таргети ;
  • Предност имаат кандидатите од Штип, Кавадарци и Струмица.

Предности од работењето во Монета:

  • Професионални обуки и целосно воведување во работата, организирани од страна на работодавачот ;
  • Службено возило достапно за потребите на работната позиција ;
  • Загарантирана фиксна плата, со месечни бонуси поврзани со реализација на месечните планови ;
  • Работа во успешна и стабилна компанија, претставник на добро познат интернационален бренд ;
  • Можност да годишни бонуси како резултат на успешното работење на компанијата .              

 

Заинтересираните кандидати своето CV со фотографија, заедно со мотивационо писмо да го испратат на e-mail:  [најави се за да го видиш е-маилот]  или на адреса: Бул.Крсте Мисирков бр.76, Поштенски фах бр.915 со назнака “Оглас за Унапредувач на мрежа (Network Developer)”.

Напомена:

Огласот важи од 09.07.2019 година до 19.07.2019 година, апликациите пратени со задоцнување нема да се земат во предвид. Само апликациите кои ќе влезат во потесен круг, ќе бидат контактирани.

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »