Сервисер на лабораториска опрема

ОПИС НА РАБОТНОТО МЕСТО:

  • Сервисирање на опрема што ја пласира Друштвото на пазарот во РМ
  • Сервисна поддршка за непречено функционирање на апарати 
  • Инсталација на опрема
  • Oбука на персоналот за работа со опремата 
  • Техничка и апликативна поддршка за непречено функционирање на апаратитe (on-line или во просториите на крајниот корисник)
  • Водење евиденција за редовни, полугодишни и годишни сервиси на инсталираната опрема
  • Дополнителни работни обврски предвидени со описот и пописот на работното место

ПРОФЕСИОНАЛНИ ЗНАЕЊА И СПОСОБНОСТИ:

  • Развиени способности за самостојна и тимска работа
  • Развиени комуникациски вештини
  • Работа под притисок, одговорност
  • Организираност, аналитичност упорност и енергичност
  • Способност за работа во динамично опкружување и работа со крајни рокови
  • Професионалност, работна етика и доверливост во однос на информации и податоци
  • Проактивност
  • Можност и спремност за служебни патувања во земјата и странство,соодветно на Ковид ситуацијата

ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ:

  • Соодветно високо или средно образование (Електротехнички науки)
  • Одлично познавање на работа на компјутер (MS Office, Outlook)
  • Познавање на англиски јазик (пишан и говорен)
  • Поради природата на работата предност ќе имаат кандидатите на возраст до 35 години
  • Поседување на возачка дозвола – Б категорија, активен возач

Работно време од понеделник до петок од 7:30 до 15:30 во деловните простории во Скопје.
Работниот однос ќе се заснова на определено време со можност за продолжување на неопределено.

Сите апликации ќе бидат третирани со строга доверливост. Со самото аплицирање кандидатот се  согласува неговите лични податоци наведени во биографијата да бидат чувани во база на податоци и обработувани од АДРИАМЕД ДОО Скопје во рок од 6 месеци од денот на истекот на рокот за избор. 

Кандидатите имаат право во секое време да ја повлечат дадената согласност за чување и обработка на податоците согласно Законот за заштита на лични податоци. 
АДРИАМЕД ДОО Скопје ќе изврши избор во законски определениот рок во зависност од бројот на пријавени кандидати. 

Само кандидатите кои ќе влезат во потесен круг ќе бидат повикани на интервју.

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

Слични огласи »

Внеси нов оглас

барај огласи за вработување » барај останати огласи »