За компанијата: Друштво за осигурување. Друштвото за неживотно осигурување УНИКА АД Скопје e дел од Австриската групација UNIQA INSURANCE GROUP, која е една од водечките осигурителни групации во Централна и Источна Европа.
Групацијата...
повеќе за компанијата »(преземи го огласот како PDF)
Друштвото за неживотно осигурување УНИКА АД Скопје e дел од Австриската групација UNIQA INSURANCE GROUP, која е една од водечките осигурителни групации во Централна и Источна Европа.
Групацијата е застапена со 40 Друштва за осигурување во рамките на 18 држави во Европа, и истовремено преку своите 23.500 вработени врши услуги насочени кон задоволување на потребите на своите клиенти .
На нашите вработени им нудиме динамична работа со можност за професионален развој и надградба, како и одлични услови за работа во средина со професионален и амбициозен тим .
Во согласност со нашата цел и стратегија, имаме потребa од мотивирани и талентирани кандидати за вработување на следната позиција :
ПРАВНИК СО ПОЛОЖЕН ПРАВОСУДЕН ИСПИТ
ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ
- Универзитетска диплома, Положен правосуден испит
- Искуство во застапување во постапки за надомест на штета (ќе се смета за предност)
- Познавање на англиски јазик
- Организациски вештини и тимска работа
- Познавање на работа со компјутери
- Возачка дозвола од Б категорија
ОСНОВНИ ОДГОВОРНОСТИ
- Застапување на Друштвото во постапки за надомест на штета
- Изготвување на редовни и вонредни правни лекови, дописи и друга документација потребна за судски постапки
- Изготвување документација и спроведување постапки пред надлежни институции
- Наплата на регресни побарувања
НУДИМЕ
- Динамична работа
- Можност за напредување и усовршување
- Пријатна работна атмосфера и тимски дух
- Професионализам
- Работа во современи работни услови
- Избраниот кандидат ќе работи со полно работно време од понеделник до петок
Доколку сте во потрага за нови професионални предизвици, мотивирани и подготвени за нови успеси,испратете персонална биографија (CV) на следната e-mail адреса најдоцна до 08.04.2022 година :
[најави се за да го видиш е-маилот]
За сите прашања поврзани со обработката на Вашите лични податоци, видете во Известувањето за приватност на кандидати за вработување .
Слични огласи »