Оперативен работник во погон за производтсво на CO2

За компанијата: Гео Гас е основана 2011 година како приватна фирма за производство на минерален гас CO₂ и разновидни продукти од него. Локацијата на природниот извор, а воедно и нашиот производствен погон, се наоѓаат... повеќе за компанијата »

Активни огласи од ГЕО ГАС ДООЕЛ Скопје:

Машински инженер

ГЕО ГАС ДООЕЛ Скопје е компанија која се занимава со производство, дистрибуција и продажба на минерален гас CO2 .Поради зголемениот обем на работа, објавува оглас за следнава работна позиција:

Оперативен работник / Техничар во погон за производство на СО₂

(Битола, с.Трн)

Ако сакате да станете дел од тимот, а притоа сте динамична и одговорна личност, со задоволство ве повикуваме да се пријавите на нашиот оглас за вработување.   

Потребни квалификации:

  • завршено средно  образование ,   или
  • средно техничко образование - машинство, електротехника, хемиска технологија или слично, ќе се смета за предност
  • претходно работно искуство  ќе се смета за предност
  • познавање на работа со компјутер ќе се смета за предност
  • задолжително е поседување на возачка дозвола Б категорија (активен возач),
  • желба за учење на нови технички решенија и новини од областа на гасарството,
  • позитивен однос кон промени.

Работни обврски:

  • постојано следење на производствениот процес и соодветно и навремено реагирање,
  • подготовка и ракување со машините и комплетната опрема за производство,
  • полнење и складирање на наполнетите садови под притисок,
  • грижа за производи,
  • подготовка на документи за испорака и прием,
  • грижа за хигиена на работно место,
  • Следење на безбедносни протоколи и обезбедување на сигурна работна средина,
  • градење тимски дух и решавање проблеми во интерес на работењето,.
  • работа во смени

Компанијата нуди:

  • редовни месечни примања и други бенефиции,
  • стабилна и сугурна работна средина,
  • одлични услови за работа во тим,
  • работен однос на определено работно време од 3 месеци (период на докажување на способност), со можност за продолжување и преминување во стален работен однос на неопределено работно време.

Испратете го Вашето (CV) кратка биографија на:  [најави се за да го видиш е-маилот]  или контактирајте не на  076 362 123                                                           

Во согласност со законот за заштита на лични податоци, со самото испраќање на Вашето СV се согласувате Вашите податоци да бидат чувани во база и обработувани за намена за сегашно или идно вработување од страна на Гео Гас ДООЕЛ Скопје.

Напомена: Доколку не сте согласни со тоа , можете да ја повлечете во секое време согласноста  за обработка на лични податоци преку испраќање на известување на елекртонската пошта: [најави се за да го видиш е-маилот]

 

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

Внеси нов оглас

барај огласи за вработување » барај останати огласи »