Подготвувач на автолакови/бои

За компанијата: ВАН ХООЛ МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ Илинден, белгиски реномиран производител на автобуси, лоциран во Технолошко Индустриската Развојна Зона – Скопје 2, во Бунарџик/Илинден, контакт тел.бр. (02) 551-2851 повеќе за компанијата »

Ван Хоол Македонија, белгиски реномиран производител на автобуси, лоциран во Технолошко Индустриската Развојна Зона – Скопје 2, во Бунарџик/Илинден, контакт тел.бр. (02) 551-2851, има потреба од нови вработувања за извршување на работни задачи на работно место:

ПОДГОТВУВАЧ НА АВТОЛАКОВИ/БОИ

Опис на работни задачи

  • Подготвување на автолакови/бои според техничката документација на возилото;
  • Читање на ТДС – техничка документација од производителот на бои;
  • Водење на документација/евиденција за секоја подготовка на автолакови/бои за лакирање на возилото;
  • Грижа за хигиената и сортирање на боите по употребата според техничката документација;

Потребно образование, вештини, знаења и искуство

  • ССС – Хемиско – хемиско -технолошка струка или Aвтолакер;
  • Познавање на типови на бои (металик, акрилни, полиуретан);
  • Познавање на мешање и подготвување на автолакови/бои според техничка документација од производителот и според техничката документација за возилото (product description);

Што нудиме:

  • Компетитивни месечни примања на пазарот на труд во РМ;
  • Работа во безбедна и здрава околина со почитување на сите норми за безбедност и здравје при работа;
  • Можност за професионално усовршување, обука и напредок на работното место;
  • Обезбеден автобуски превоз до работното место и назад;
  • Обезбедена исхрана во современа кантина;

Доколку сте заинтересирани испратете го Вашето CV (работна биографија) на англиски или на македонски јазик на www.vanhool.mk, во делот “отворени работни места”.
Само селектираните кандидати ќе бидат повикани на разговор. 

Со Вашето доставување на CV се согласувате истото да биде задржано во нашата база на кандидати во времетраење од 12 месеци. 

Краен рок за доставување на апликациите: 05/10/2018

Исклучиво апликациите доставени преку www.vanhool.mk ќе бидат земени во предвид.

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »