Членови на тим за грижа/чување на кучиња

За компанијата: Во нашиот хотел за кучиња задоволството и среќата на кучето е пред се, затоа искуството и знаењето за социјална интеракција со кучињата се неопходни. Доколку сте вистински љубител на кучиња и добро комуницирате... повеќе за компанијата »

АВАВ ХЕПИ ДОГ ВРАБОТУВА

АвАв Хепи Дог бара високо мотивирани и одговорни нови членови кои ќе се приклучат на нашиот тим за чување на кучиња!

Дали сакате работа како дел од силен тим кој се грижи за кучиња кои се во градинка, хотел или на фризер во АвАв Хепи Дог Пет Центарот за кучиња? Дали е ова професија за која секогаш сте сонувале да ја имате ?

УНИКАТНА МОЖНОСТ ЗА ОБУКИ, ТРЕНИНЗИ, НАДГРАДБА НА ВЕШТИНИ И ЗНАЕЊА ЗА НЕГА НА КУЧИЊА !
Во нашиот хотел за кучиња задоволството и среќата на кучето е пред се, затоа искуството и знаењето за социјална интеракција со кучињата се неопходни. Доколку сте вистински љубител на кучиња и добро комуницирате и со кучиња и со луѓе, бидејќи се работи за тимска работа пријавете се за работното место : дневна нега и грижа за кучиња. Нашата цел како тим е да им овозможиме на нашите гости одлична услуга во дневната нега и високи стандарди во хотелскиот престој за кучињата. Доколку сакате кучиња, доколку сте хумани, доколку сте смирена и релаксирана личност, доколку сте вредни и работливи и доколку поседувате позитивна енергија и умеете со животните, а кучињата ве сакаат, тогаш побарајте не!

Работно место: дневна нега и грижа за кучиња

Потребни квалификации:

  • Задолжително познавање на англиски јазик, говорење и пишување
  • ССС
  • Предходно работно искуство на иста или слична позиција не задолжително но ќе се смета како предност
  • Со живеалиште во Скопје
  • Задолжително е лицето да е полнолетно
  • Љубезност и педантност, со позитивен став
  • Самоиницијативност и посветеност на работата
  • Симпатија кон домашни миленици
  • Можност за справување со куче (љубител на кучиња)

Личен профил:

  • Можност за работа во средина со кучиња (љубител на кучиња)
  • Лице кое води сметка за лична хигиена и хигена на работно место • Комуникативна, одговорна и лојална личност
  • Тимска работа и професионален однос кон клиенти
  • Завршено образование во областа на ветерина ќе се смета како предност

Ние нудиме:

  • Работа во 2 смени, прва смена од 8:00ч - 16:00ч , втора смена 12:00ч - 20:00ч
  • Плата по договор
  • Пробен период 
  • Следи пријавување со платени придонеси

Она што го прави АвАв Хепи дог посебен и поразличен од сите останати хотели за кучиња е тоа што АВАВ Хепи Дог работи по европски стандарди и услови за кучињата. Сопствениците на кучиња се специфичен и посебен тип на луѓе.

Ако сте желни за работа во позитивна и креативна атмосфера вашата биографија и писмо на интерес со контакт информации испратете ги на [најави се за да го видиш е-маилот]

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

Останати огласи »

вести · настани · интервјуа · колумни · технологија · hr вести · hr совети · блог
барај огласи за вработување » барај останати огласи »