Архитект

За компанијата: Посветен тим од архитекти кои работат на меѓународни проекти во дизајнирање и развој на фасадни решенија за индустриски и комерцијални објекти. Клучната вредност на нашиот тим е балансот помеѓу работата... повеќе за компанијата »
  • Објавен пред еден месец
  • СКЛАД ДООЕЛ Скопје
  • Активен до 05.06.2024
  • Позиција: Архитект и ентериер
  • Локација: Скопје

СКЛАД ДООЕЛ Скопјe     

Посветен тим од архитекти кои работат на дизајнирање и развој на фасадни проекти. Клучната вредност на нашиот тим е балансот помеѓу работата и приватниот живот, а ние се стремиме да понудиме одговорност и перспектива во личниот развој и кариера. Доколку одлучите да ни се придружите, ќе имате можност да работите на нови и возбудливи меѓународни проекти. Бараме нови членови на тимот кои се љубопитни, ги почитуваат различностите, негуваат личен и професионален интегритет и ги почитуваат другите.

Објавуваме конкурс за работното место: Архитект

Профил на кандидатот:

  • Дипломиран инженер по архитектура
  • Познавање на AutoCAD и MS Office
  • Познавање на англиски јазик
  • Познавање на други графички програми е предност

Опис на работно место:

  • Проектирање и изработка на идејни и градежни проекти за покривање на фасади и елементи во внатрешноста
  • Изработка на комплетна проектна документација

Ние нудиме:

  • Обука за потребите на работното место
  • Постојано вработување во стабилен тим
  • Работење во пријатна и динамична средина
  • Почит кон работата и слободното време
  • Промоција и поттик врз основа на постигнати резултати

Доколку сте заинтересирани да ни се придружите, испратете ни го вашето CV на [најави се за да го видиш е-маилот]

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

Внеси нов оглас

барај огласи за вработување » барај останати огласи »