Овластен сметководител за внатрешно сметководство

Плата од 50.000 ден. до 60.000 ден.

Друштво за телекомуникациски услуги Телесмарт Телкеком ДОО Скопје, за потребите на своето работење, објавува оглас за 1 (еден) овластен сметководител, за следното работно место:

ОВЛАСТЕН СМЕТКОВОДИТЕЛ ЗА ВНАТРЕШНО СМЕТКОВОДСТВО

Потребни квалификации:

  • Високо образование-Економски факултет
  • Поседување на уверение (лиценца) за овластен сметководител
  • Претходно работно искуство на иста позиција од минимум три години
  • Одлично познавање на работа со компјутер (MS Office)
  • Познавање на англиски јазик

Одговорности и задачи:

  • Комплетно водење на сметководственото работење и контрола на истото
  • Контрола на книжење на финансиската и материјална документација
  • Изготвување на завршни годишни сметки
  • Пресметка на ДДВ и данок на добивка
  • Пресметка на плати
  • Плаќање на налози
  • Разновидни сеопфатни сметководствени активности во согласност со сметководствените стандарди и принципи, како и со сите релевантни законски и регулативни прописи
  • Подготовка на финансиски извештаи
  • Уредно водење на документацијата во согласност со имплементираните стандардите за квалитет во компанијата
  • Комуникација со сите релевантни државни институции 

Способности и професионални вештини:

  • Одлични организациски и комуникациски способности
  • Способност за работа при кратки рокови
  • Способност за тимска и индивидуална работа
  • Систематичен пристап при работењето, ориентација кон детали
  • Поседување на висок интегритет и лојалност
  • Иницијативност, посветеност и амбициозност
  • Почитување и примена на пропишаните процедури  и интерни акти на компанијата
  • Подготвеност за работа во динамична работна атмосфера.

Работната позиција е за територијата на град Скопје – Кисела Вода.

Доколку ги исполнувате горенаведените услови, Ве молиме испратете го Вашето CV,на следната е-маил адреса:  [најави се за да го видиш е-маилот]  со назнака за работна позиција внатрешен овластен сметководител или обратете се на телефонскиот број  + 389 2 244 5800

Само кандидатите кои ги исполнуваат наведените услови ќе бидат повикани на интервју. Сите пристигнати биографии ќе се третираат со максимална доверливост.

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

Слични огласи »

Внеси нов оглас

барај огласи за вработување » барај останати огласи »