Промовирани огласи »

Во економската програма, СДСМ најави воведување прогресивен данок, наспроти досегашниот рамен данок, што беше политика на претходната власт. Владата на ВМРО-ДПМНЕ категорично беше против прогресивното оданочување бидејќи не отстапуваше од замислата земјата да се прикаже како рај за ниски даноци и тврдеше дека не сакаат им зададат удар врз џебот на граѓаните и компаниите.

Идејата за прогресивно оданочување СДСМ ја презентираше уште во 2015 со проектот „Визијата за Македонија“ кога најави дека планира воведување персонален данок на доход со две стапки, 10% и 18%. Побогатите наместо 10% како досега, да плаќаат 18%. Економистите со поделени ставови, професорот Ванчо Узунов смета дека прогресивното оданочување е добар потег за разбивање на јазот помеѓу богатите и сиромашните.(10.47-12.23)

Доколку јас како граѓанин земам плата, плус земам хонорари, плус имам акции и ми се исплаќа дивиденда или, пак, изнајмувам дуќан, сите овие приходи кога ќе се соберат прават сума над 1000 евра. За парите над оваа квота ќе треба да платам повисок данок, и тоа е в ред затоа што јас пак останувам побогат во однос на другите. Но, со тек на време овој данок е предвидено да ја врати средната класа. Многу е логично и нема потреба да се плашиме од него, доколку сме способни можеме да заработиме во нормални пазарни услови. Но, кога ќе го платам, ќе отворам четири очи каде власта ги троши моите пари, нема да дозволам нетранспарентност, скриени игри и лаги. За разлика од прогресивниот, рамен данок е феудален данок, уште од турско, кога сите плаќале десеток на султанот, смета Узунов.

Дел од експертите, пак, предупредуваат дека менувањето на даночната политика е сензитивно прашање и чекорите кон воведување нови начини на оданочување треба да бидат одмерени и во склад со економските текови во државата. Прогресивното оданочување, како што објаснува професорот Маријан Петрески, е карактеристично за развиените западно-европски држави, а најкарактеристичен е во Скандинавија каде што има неколку стапки. Но, според Петрески, помеѓу економиите на Македонија и скандинавските држави нема место за споредба.(10.50-12.10)

Доколку е крајно решение да се воведе овој начин на оданочување потребно е да се процени кога е моментот, во која фаза од развојот. Тука мислам да се размисли, дека е добро економијата да забревта, по цена ете условно речено да се зголеми нееднаквоста меѓу населението и кога има висок раст, висок БДП и тогаш да се воведе. Сметам дека една од анализите треба да се темели токму на овој факт. Се алудира во јавноста на прогресивните даноци во скандинавските земји, но сметам дека е сосема депласирана таа споредба. Тие се на друго ниво на економски развој, висок БДП, висока стапка на извоз и речиси да не постои сиромаштија. Затоа, доколку целиме да ја стигнеме Шведска, треба добро да го осмислиме патот по кој ќе се движиме.

Узунов смета дека прогресивното оданочување нема да влијае врз бизнисот и инвестициите во државата затоа што со него се оданочува приходот на поединецот, а не добивката на компанијата.(6.45-7.35)

Постојат два вида директни даноци, едниот е данок на добивка, другиот е персонален данок. Данокот на добивка го плаќаат правните лица и тој ќе си остане ист, односно 10% од добивката што ја остваруваат, како и досега. Ако фирмите откако ќе го платат овој данок имаат профит и решат да го реинвестираат, тогаш акционерите не добиваат ништо, приказната завршува тука. Но, доколку добивката ја поделат како дивиденда, таа веќе влегува во пријавата за персонален данок на доход и претставува основа за пресметка за оданочување.

Од друга страна, Петрески смета дека прогресивниот даночен систем може да предизвика бумеранг-ефект во економијата. Како пример го наведе ИТ секторот, каде што платите и приходите се повисоки. Според него, ова би можело да предизвика уште поголем одлив на мозоци, со тоа би стагнирал и овој сектор.(12.25


Во таа анализа на доходите треба да се види кои се тие најбогати слоеви и како би се зафаќало од нив. Дали тие нивни доходи се резултат на рамниот данок или на нешто друго. Но, за потсетување, СДСМ во ‘Вистината за Македонија’ објави дека одредени луѓе се богателе не поради даноците туку влијаеле други фактори. Треба се внимава и на границата на прагот на оданочување затоа што мора да се води сметка за бихевиоралниот одговор на луѓето што ќе бидат оданочени. Во ИТ-секторот и здравството вработените примаат највисоки плати, односно над 1000 евра. Повисокото оданочување на тие луѓе може да резултира со нов одлив, односно иселување од државата. Затоа што од овие сектори може многу лесно да најдат работа во Германија и други западно-европски држави, додава професорот Петрески.

Од балканските држави рамен данок имаат Бугарија, Романија и Србија. Додека Словенија и Хрватска имаат прогресивни даноци. Во Европа рамни даноци плаќаат Унгарија, Литванија, Естонија и Летонија.

Инаку, рамниот данок во Македонија беше воведен во 2008 година кога даночните стапки на данокот на доход и персонален данок од 24%, 18% и 15% беа израмнети на 10%.

Извор - Makfax

Промовирани огласи »

Никола Гравчев е назначен за нов управител на Друштво за производство, трговија и услуги ЕЗЕРО МХЕ ДОО Скопјe, компанија во сопственост на вицепремиерот Кочо Анѓушев.

Според објавата на Централниот регистар, пренесува Е- магазин, Анѓушев повеќе не е управител на оваа компанија.

Никола Гравчев е назначен и за управител во Друштво за производство, трговија и услуги Мали Хидро Електрани ЛЕТНИЧКИ ИЗВОРИ ДОО.

Скопје Друштво за производство, трговија и услуги Мали Хидро Електрани ГОРНО БЕЛИЧКИ ИЗВОРИ ДОО Скопје, исто така во сопственост на Кочо Анѓушев.

Според објавата на Централниот регистар тој веќе не е управител и во овие две компании.

Промовирани огласи »

Од денеска цената на струјата се намалува за 0,25 проценти што значи дека граѓаните ќе плаќаат пониски сметки за струја.

Ваква одлука донесе Регулаторната комисија за енергетика на подготвителна седница. Цената на електричната енергија беше намалена и минатата година од први јули.

Промовирани огласи »

Истекува рокот во кој министрите од новата Влада треба да ги поднесат анкетните листови за имотот што го поседуваат. Голем дел од нив тоа се уште не го сториле, иако имаат рок од 30 дена од стапување на функција, а со оглед дека беа назначени на први јуни, на располагање имаат уште еден ден.

За дел од министрите, и претходно ги имаше анкетните листови, бидејќи беа избрани пратеници или пак беа во техничката влада, па со тоа нивните податоци беа објавени. Сега само ја имаат внесено новата функција и промените на имотната состојба што во меѓувреме е направена. Но, поголем дел од министрите се уште не ги доставиле податоците за својата имотна состојба.

Премиерот Зоран Заев пријавил дека не поседува ниту куќа, ниту возило, а на негово лично име пријавил само Побарувања по основ на даден заем од 2012 година во вредност од 4.300.000 денари. Инаку, пријавил куќа од 400 метри квадратни во Струмица во вредност од 18.500.000 денари, земјоделско земјиште на нивно име во Муртино во вредност од 2,460.000 денари деловен простор од 60 м2 во Струмица вреден 3.690.000 ден., Стан од 65 м2 во Струмица во вредност од 1.845.000 денари акции на нивно име. Неговата сопруга има орочен девизен депозит од 445.445 денари и орочен депозит на децата од 1.648.269 денари во Шпаркасе банка.

Министерот за економија Крешник Бектеши поседува имот вреден 2 милиони евра. Кичево, Приштина, но и во Каваја во Албанија и како и Базел во Швајцарија се местата каде семејството на Бектеши поседува недвижен имот. Освен куќи и станови, семејството на министерот за економија поседува и земјоделско земјиште, градежен простор, како и деловен простор. Бектеши на негово лично име им и три автомобили Мерцедес Бенз 2012, Хјундаи туксон 2015 и Голф 4.

Близу 440 илајди евра вреди имотот на министерката без ресор, Зорица Апостолска. Апостолска во Владата доаѓа како кадар на НСДП.

Поседува куќа и стан во Скопје, но и куќи во Ресен и Ростуше. Во нејзиниот анкетен лист е наведено дека има два автомбили форд фокус и поло фолксваген. Има штедни влогови на нејзино име, на име на сопругот и децата. А месечно, по 200 евра добива и од кирија за станот што го издава.

Министерот без ресор, Едмонд Адеми, има имот од околу 30 илјади евра. Нема куќа, ниту стан. Но, наведува дека има преддоговор за купување на недвижен имот од 28 илјади евра, но не е наведено каква недвижност се купува. Адеми поседува автомбил Рено Меган од 3.000 евра, и штедна книшка од 25.500 евра.

Имотот на вицепремиерот Бујар Османи вреди 190 илјади евра, но Османи има и кредити од околу 90 илјади евра. Пријавил дека има куќа и два автомбили, Ауди А6 и Опел Корса. Неговата сопруга прима плата од 25 илјади денари, а пензијата на еден од неговите родители изнесува 17 илјади денари.

Васе Доневски, генерален секретар на Владата има имот од околу 90 илајди евра. Поседува куќа, стан, гаража и плац во Скопје. Од автомобил има Даеву Матиз. А дел од имотот се акции и пари на штедни книшки.

Министерот за земјоделство, Љупчо Николовски, има имот вреден 210 илјади евра, а на почетокот на годинава си купил нов автомобил Рено Клио. Во анктениот лист, на име на неговото семесјтво пријавил куќа, земјоделско земјиште, двор и пасиште во Крива Паланка, додека на негово име има кредит од 10 илјади евра.
Возило пријавил на име на неговиот брат, Фиат Стило, вредно 180 илјади денари.

Дамјан Манчевски, кој е министер за информатичко општество и администрација, поседува имот од околу 25 илјади евра, но има и кредит од 14.000 евра. Мначевски не поседува ниту куќа ниту стан, но поседува градежно земјиште. Вози Сеат Алтеа од 2010 година и има пари на штедните книшки на сопругата и децата.

На страната на Државната комисија за спречување на корупцијата е објавен анкетниот лист на министерката за одбрана, Радмила Шекеринска- Јанковска. Во делот на недвижен имот, нема промени споредено со анкетниот лист, кој беше објавен пред неколку месеци кој Шекеринска го достави по последните избори како пратеник. Според новиот анкетен лист, таа информирала дека на свое име поседува стан во Скопје од 50 метри квадратни, вреден 2,7 милиони денари, стекнат со купопродажба. На име на сопругот пријавила три стана, два во Скопје, еден во Охрид. Едниот во Скопје е во вредност од 13, 2 милиони денари, со квадратура од 163 метри квадратни, а другиот со квадратура од 61 метри квадратни, но нема податок колку вреди. Нема податок колку вреди станот во Охрид од 57 квадрати.
Шекеринска-Јанковска поседува и уметничка колекција, но нема податок колку вреди таа. Од издавање на стан месечно заработува 12 илјади денари, а пријавила и побарување по основ на даден заем од 610 илјади денари. Доколку се споредат двата анкетни листови се забележуваат одредени разлики во висината на сумите кои ги чува во банка или во делот на задолжувањата.

На веб страната на Државната комисија за спречување корупција е објавен анкетниот лист на министерот за правда, Билен Салију. Неговиот анкетен лист како министер е различен во делот на неговите задолжувања со тој што го има доставено од порано како директор на Државен инспекторат за шумарство и ловство. На свое име не поседува недвижен имот.
На име на родителите пријавил куќа во Добри Дол, Гостивар, добиена од наследство, но не ја навел нејзината вредност. Како личен имот пријавил возило Фолсфаген Венто, вредно 200 илјади евра. Салију во претходниот анкетен лист како директор имаше пријавено кредит од 600 илјади (го зел во 2009 година, со период на отплата од шест години) и од 245 илјади денари (го зел во 2006 година, нема податоци за колкав период на отплата и дали се раздолжил). Во новиот анкетен лист како министер има повторно пријавено два кредита, од 1,2 милиони денари, го зел лани, а ќе го отплаќа до 2026 година и од 300 илјади денари, кој го зел во 2009 година, а нема податок дали го отплатил.

Новиот министер за внатрешни работи, Оливер Спасовски, како пратеник пријавил дека добил куќа на подарок од 309 метри квадратни во Куманово, вредна 7,3 милиони денари. Пријавил и куќа на име на родителите во Старо Нагоричани, вредна 1,2 милиони денари со квадратура од 60 метри квадратни, исто така стекната со договор за подарок. На име родителите пријавил неколку парцели земјиште и шума во Старо Нагоричане и Куманово. И овој недвижен имот е стекнат со договор за подарок. Вози Пежо 307, вредно 300 илјади денари. На име на родителите пријавил Шкода Фабија, вредна 240 илјади денари. На свое име пријавил и уметничка колекција, вредна 260 илјади денари. Има пари на неколку сметки, но и кредит од 600 илјади денари.

Министерот за транспорт и врски Горан Сугарески пријавил дека поседува куќа во Прилеп од 67 м2 во вредност од три милиони денари, стан во Скопје од 45 м2 вреден 2.580.000 денари, градежно земјиште во Прилем од 553 м2 стекнато со наследство, како и три земјишта под објект од 111 м2, 17 м2 и 19 м2, стекнари како наследство без наведена вредност и моторно возило Сеат Кордоба вредно 810.000 денари.

До Државната комисија за спречување корупција новата министерка за образование, Рената Дескоска, како пратеник, пријавила дека на свое име не поседува куќа или стан, а ни нејзиниот брачен партнер, или некој друг од семјството. На свое име таа има пријавено хонорари и сметки во банки, но не дала податок за какви суми станува збор. На име на брачниот партнер пријавила возило Ланос, вредно 400 илјади денари, како заедничко возило, Мазда вредна 400 илјади денари, а како заеднички имот пријавила и накит вреден 600 илјади денари.

Зоран Шапуриќ има пријавено имот како советник и член на Совет на Град Скопје, а не како министер без ресор. Сепак, неговиот анкетен лист е полн со поседување акции, три стана во Скопје, негов автомобил Хјундаи, возило на сопругата Сеат Ибица. Тој има приход и од авторски хонорар, повеќе трансакциски сметки, девизни заштеди орочени девизни заштеди во евра, швајцарски франци, долари…

Вицепремиерот задолжен за економски прашања Кочо Анѓушев, вицепремиерот задолжен за спроведување на рамковниот договор Хазби Лика, министерката за труд и социјална политика, министерот за надворешни работи НИкола Димитров, министерот за финансии Драган Тевдовски, министерот за здравство Арбен Таравари, министерот за локална самооуправа Сухел Фазлиу, министерот за култура Роберт Алаѓозовски, министерот за животна средина Садула Дураку, министерите без ресор Роберт Поповски, Самка Ибраимовски, Рамиз Мерко, Аднан Ќахил, немаат поднесено Анкетни листови.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »