Промовирани огласи »

Денес ви ги издвојуваме некои од најпосетуваните огласи, се надеваме дека ќе го задржиме вашето внимание со огласите кои следат.

Друштво за софтвер, промет и услуги со седиште на ул. Димитрие Чуповски е во потрага по

TEST ENGINEER,

ANDROID SOFTWARE DEVELOPER 

„АЛФИ БИ КОМПАНИ“  е трговско друштво кое успешно ја гради својата професионална  приказна од 1992 година, во рамки на компанијата е отворена и подружницата Алфи Техноцентар. Моментално е во потрага по

КЕЛНЕР/КА ШАНКЕР/КА (СКОПЈЕ),

КАСИЕР-ПРОДАВАЧ/КА - КУМАНОВО 

„Quipu“ е компанија за ИТ консултантски услуги и развој на софтвер која обезбедува сеопфатни решенија од крај до крај за банките и финансиските институции, од електронски плаќања до софтверски системи и хибриден облак хостинг и операции. Во моментот се отворени повеќе работни позиции кои можете да гои погледнете ТУКА

„Групацијата Виндија“ денес вклучува 14 компании, од кои 8 се во Хрватска и 6 во земјите од регионот. Во отвореното преставнишво во нашата земја моментално е во потрага по

МАГАЦИОНЕР и

ВОЗАЧ СО Ц КАТЕГОРИЈА  

„Вита Медиа Груп“ е данска iGaming (ајгејминг) компанија која отвори свое претставништво во Македонија од 2019 година и во моментот вработува над 40 луѓе во канцеларијата во Скопје. Моментално е во потрага по

CONTEND ADMINISTRATOR и

CONTENT WRITER - ENGLISH 

„СЕТЕК“ сé од техника е лидер во областа на ИТ, аудио видео и белата техника, кој на македонскиот пазар е присутен 28 години. СЕТЕК сé од техника ја поседува најголемата дистрибутивна мрежа во Македонија која ја сочинуваат повеќе од 500 активни партнерски фирми – соработници и кооператори. Моментално вработува на повеќе работни позиции, повеќе информации можете да најдете ТУКА.  

„ФЕРШПЕД АД СКОПЈЕ“ е компанија од областа на транспорт, шпедиција, царинење, складиштење и нив ги користат најголемите претпријатија во Република Македонија, како и фирми од балканските земји, западна и источна Европа. Низ годините на нашето постоење бевме сведоци и директни учесници во градењето на некои од позначајните индустриски објекти и коплекси во Македонија (проектите ФЕНИ, ТЕЦ Неготино и сл.). Моментално вработува

ЦАРИНСКИ РЕФЕРЕНТ и

ЦАРИНСКИ РЕФЕРЕНТ СО ЛИЦЕНЦА ЗА ЦАРИНСКО ЗАСТАПУВАЊЕ

„СТОКОМАК“ како компанија од областа на трговијата моментално има отворено повеќе работни позиции кои можете да ги погледнете ТУКА 

„Македонијатурист“ а.д. Скопје е најголемата и најуспешната компанија во областа на хотелиерството и ресторанските услуги во Република Северна Македонија која работи успешно располагајќи со 5 (пет) хотели и тоа: Холидеј Ин, Хотел Белви, Хотел Карпош, Бест Вестерн Хотел Турист и Хотел Водно вработувајќи преку 200 професионалци во својата област. Mоментално се отворени повеќе работни места истите можете да ги погледнете ТУКА

„БРАКО ДОО“ се занимава со развој и производство на производи целосно изработени од метал или комбинација на метал и други материјали. Моментално има отворено повеќе работни позиции, можете да ги погледнете ТУКА.  

За повеќе информации од реномирани странски и домашни компании кои нудат широк обем на работни позиции можете да ги најдете ТУКА.

Промовирани огласи »

Денеска 24.06.2022 во просториите на Американскиот Универзитет на Европа-ФОН  беше потпишан меморандум од страна на ректорот на Американскиот Универзитет на Европа-ФОН проф. д-р Билјана Пулеска Јанушевска и генералениот директор на KARIERA.mk Зорица Бужаровска Бошковска. 

Универзитетот е автономна приватна непрофитна високоoбразовна и научна институција, основан во 2003 година како Факултет за општествени науки. Па така, со континуираните инвестиции денес Американскиот универзитет на Европа-ФОН поставувува светски стандарди и услови за академски развој на секој поединец, ја стимулира конкуренцијата и придонесува за обликување на берзата на трудот.

Следејќи ги светските трендови во високото образование, а со цел да се прилагоди на интересот, потребите и барањата на студентите, во 2020 година универзитетот се ребрендира и се преименува во Американски универзитет на Европа-ФОН.

Формата на долгорочната соработка меѓу Американскиот Универзитет на Европа-ФОН ќе се остварува преку, презентација на платформата пред студентите од прв и втор циклус на студии, заеднички проекти од информативен, развоен и научен карактер преку одржување на работилници, саеми и предавања.

Дополнително за сите студенти на универзитетот ќе следи бесплатна активација на МојаКАРИЕРА картичката за студенти кои се корисни за секој студент, соработка во едукативни процеси преку информирање на студентите за нови огласи за работа и пракса, техничка помош на студентите при процесот на барање работа преку кратки обуки за креирање на CV и мотивациско писмо во однапред договорени со датум и време со факултетот.

КАРИЕРА.мк со ентузијазам од денес ги вклучува студентите на овој универзитет во своите активности во иднина.

Промовирани огласи »

Просечниот договор за плати во Обединетото Кралство остана на 4% во трите месеци до мај 2022 година, тој е сè уште на највисоко ниво од 1992 година, но далеку под инфлацијата. Договорите за плати моментално се помеѓу 3% и 5,8%, што истакна некои работодавци да се справат со предизвиците како да ги задржат своите вработени и да одржат атрактивен пакет за компензација. 

Сепак, со мерењето на индексот на потрошувачките цени (CPI) на инфлацијата што достигна 9% во април, 7% во март, работодавачите имаат уште долг пат да поминат за платите да одговараат на зголемените трошоци на живот.

Поради нивото на инфлација трошоците за живот се значително поголеми и покрај покачувањата на просечната плата во последните 10 години и во нашата држава.

По се изгледа трендот на инфлација застапен на светско ниво оневозможува да се примети зголемувањето на платите секаде во светот. Доколку сакате промена на важиот буџет и сте спремни да го замените тековното работно место со ново, сите информации можете да ги најдете ТУКА. 

Промовирани огласи »

Нафтениот шок нема да заврши во 2022 година, бидејќи речиси е сигурно дека ќе прерасне во следната година, пренесува магазинот „Недеља“ на Националниот нафтен комитет на Србија.

Според американскиот дневен весник „Волстрит џурнал“, западните власти се загрижени дека нафтата „брент“ наскоро ќе достигне 150 долари за барел од сегашните околу 120 долари. Некои аналитичари стравуваат дека цената ќе продолжи да расте, поттикната од дополнителната побарувачка поради пандемијата на корона вирусот и европските санкции кон Русија.

Во исчекување на прогнозата на Меѓународната агенција за енергетика, трговските компании, нафтените компании и земјите од ОПЕК имаат консензус дека во текот на 2023 година побарувачката за „црното злато“ ќе се зголеми меѓу еден милион и 2,5 милиони барели нафта дневно. Во остатокот од тековната година побарувачката на нафта, според прогнозите на Меѓународната агенција за енергетика, ќе се зголеми за 1,8 милиони барели дневно. Секое годишно зголемување на побарувачката над еден милион барели нафта дневно се смета за доста големо.

Кога станува збор за снабдувањето, трговците со нафта очекуваат дека во најдобар случај Русија ќе го задржи сегашното ниво од околу 10 милиони барели дневно, што е пад од околу 10 отсто од почетокот на воената интервенција на Москва во Украина. Сепак, некои аналитичари сметаат дека понудата би можела да падне за уште еден милион барели или дури и за 1,5 милиони барели нафта дневно.

  

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »