Промовирани огласи »

Резултатите од едно истражување покажале дека работното време од 9 до 17 часот може да биде кобно за вработените.

Истражувањето е спроведено на Универзитетот „Кембриџ“ и покажало дека една од шест предвремени смртни случаи е врзана за стрес, срцев удар, дијабетес 2 или рак кои се поврзани со целодневно седење во канцеларија.

Тоа се случува поради преголемата количина стрес, но и недоволното движење.

Затоа е многу важно што повеќе да се шетаме и да вежбаме, барем неколку пати во неделата, но и да ги смениме навиките за да направиме нешто корисно за своето тело.

Па така, потребно е почесто да стануваме од столица и да протегнуваме, наместо лифт да ги користиме скалите.

Промовирани огласи »

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,40 отсто во однос на претходната одлука.

Со оваа одлука, малопродажните цени на бензинот Еуросупер БС-95 и на Еуродизел (Д-Е V) се намалуваат за 0,50 денари за литар, додека малопродажните цени на бензинот Еуросупер БС-98 и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалуваат за 1 денар за литар. Малопродажната цена на Мазутот се зголемува за 0,422 денари за килограм.

- Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините за 0,860 проценти, кај дизелот за 1,390 отсто, кај екстра лесното масло за 1,407 проценти и кај мазутот има зголемување е за 0,959 отсто - наведуваат од РКЕ во соопштението.

Од вечерва на полноќ максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

  • Еуросупер БС - 95   108,50 (денари/литар)
  • Еуросупер БС - 98    110,50 (денари/литар)
  • Еуродизел БС (Д-Е V)   103,50 (денари/литар)
  • Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1)   102,00 (денари/литар)
  • Мазут М-1 НС    53,727 (денари/килограм)

Промовирани огласи »

EРИ Корпорација ДООЕЛ Битола е компанија со странски капитал и еден од најголемите светски производители и извозници на топлински разменувачи и вентилациски компоненти. 

Моментално е во потрага по

РАБОТНИК ВО ОДРЖУВАЊЕ

АДМИНИСТРАТОР ВО ПЛАНИРАЊЕ И ПРОЦЕСИРАЊЕ НА ПОРАЧКИ

ОПШТ РАБОТНИК

МАШИНСКИ ИНЖЕНЕР

АДМИНИСТРАТОР ВО НАБАВКИ

Сите останати отворени и активни работни позиции можете да ги најдете ТУКА.

Промовирани огласи »

Ценејќи ја посветеноста на своите вработени и следејќи го трендот на зголемување на цените и животните трошоци, „КАМ” веќе во април реализира зголемување на платите на вработените во маркетите за 15%, а во логистиката и транспортот за 13%.

Малопродажниот дисконтен синџир број 1 во земјава, „Кам маркет”, покрај планираното зголемување на платите, на задоволство на вработените, отпочна со исплатата на регресот за годишен одмор за секој вработен во висина од 33.000 денари.

Со ова, само во првиот семестар од годината нето платите на вработените во маркетите просечно се зголемја за 4.000 денари.
Независно од комплексните економски услови „КАМ маркет”, доследно ја спроведува сопствената политика на постојано зголемување на платите и надоместоците на вработените.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »