Промовирани огласи »

Регионалниот директор на Светската здравствена организација (СЗО) за Европа, Ханс Клуге повика земјите да ја забрзаат вакцинацијата и да воведат маски. 

Ако тоа го сторат, во есен и зима ќе се спасат од построги мерки, бидејќи омикрон зема замав.  За Ројтерс, Ханс Клуге ги повикал земјите да преземат итни мерки за да се избегне преоптоварување на здравствените системи поради брзото ширење на подваријантата омикрон БA.5. Скоро три милиони нови случаи на Ковид-19 беа потврдени минатата недела во европскиот регион, што претставува речиси половина од сите нови случаи ширум светот, пренесува медиумот.

Имаме зголемување на новозаразените случаи, во општество кое функционира речиси како порано, изјавил Клуге.

Тој смета дека општествата нема да бидат подготвени за нови затворања. 

И во регионот расте бројот на заразени.  Грција пријави повеќе од 140.000 случаи на ковид-19 и 200 починати лица за една седмица. 

foto freepik.com

Промовирани огласи »

Собранието го усвои ребалансот на буџетот.  Со 61 глас „за“ го усвои предлог-ребалансот на буџетот за 2022 година. Вкупните приходи во Буџетот за 2022 година се утврдени на ниво од 245,8 милијарди денари, додека вкупните расходи на 288,5 милијарди денари. Буџетскиот дефицит е планиран на ниво од 42,7 милијарди денари, односно 5,3% од БДП, што е пониско во однос на минатата година.

Со ребалансот се обезбедуваат средства за раст на пензиите, ранливите категории на граѓани, раст на платите во одделни дејности во јавниот сектор, средства за фирмите за поддршка на растот на платите во приватниот сектор, дополнителни средства за земјоделците за повисоки приноси и стабилизирање на цените на храната, како и за нови антикризни мерки за заштита на стандардот на граѓаните и заштита на стопанството од шоковите од тековната ценовна криза.

Министерот за финансии, Фатмир Бесими, образложувајќи го ребаланасот на буџетот во Собранието посочи дека истиот треба да постигне две многу важни цели - да се одржи макроекономската стабилност, што е од суштинско значење за понатамошниот раст и развој на секоја економија и второ, да се поддржи економијата за враќање во претпандемиското ниво, како и социјалната сигурност на граѓаните.

Кај тековните трансфери се прави нагорна корекција за околу 19 милијарди денари. Тука се планирани средства за антикризни мерки, но и други мерки за таргетирана поддршка за надминување на кризата. Во рамки на овие средства планирана е дополнителна финансиска поддршка од 4,7 милијарди денари за заштита на стандардот на граѓаните и ликвидноста на компаниите во услови на продолжена криза на светскиот пазар на енергенси и примарни производи. Проектирани се и дополнителни субвенции и трансфери за земјоделците, односно дополнителни 3,2 милијарди денари на првично планираните субвенции со цел да се стимулираат приносите и продуктивноста, за да се амортизираат на ценовните притисоци на основните прехрамбени производи. Повисоки трансфери планирани се и за општините, пред сѐ поради раст на блок-дотациите за покачување на платите во градинките и во основните и средните училишта за 15%.

Со ребалансот, обезбедени се средства за раст на пензиите, согласно новата методологија за пресметка, според движењето на индексот на трошоците за живот во висина од 50% и порастот на просечно исплатената плата на сите вработени во висина од 50%. Исто така, предвидени се и субвенции за придонеси за поддршка на работодавачите за раст на платите во приватниот сектор, вклучително и ефектот за субвенционирање на придонесите за минималната плата. Дополнителни 2,4 милијарди денари, предвидени се за корисниците на правото на гарантирана минимална помош.

Капиталните расходи се ревидирани надолу во однос на иницијалниот план, но сепак, тие годинава се на рекордно ниво, односно за 8,8 милијарди денари или 37,8% повисоки во однос на минатата година и за 16,1 милијарди денари, или два пати повисоко во однос на 2020 година.

Промовирани огласи »

НА девизниот пазар вредноста на доларот во однос на кошницата валути падна втор ден по ред и дополнително се лизна од највисокото ниво во последните 20 години.

Индексот на доларот кој ја покажува вредноста на американскиот долар во однос на другите шест најважни светски валути се движи околу 107,50 поени, додека вчера во ова време изнесуваше 107,78 поени.

Истовремено, курсот на доларот во однос на јапонската валута се лизна од вчерашните 138,35 на 137,95 јени.

Американската валута исто така ослабе во однос на европската, па цената на еврото достигна 1,0135 долари, додека вчера во ова време беше 1,0105 долари.

Цените на нафтата, пак, утрово благо паднаа, откако вчера скокнаа за околу 5 отсто.

Цената на барелот на лондонскиот пазар се лизна за 0,39 отсто, на 105,

Промовирани огласи »

Близу 5 илјади фирми затворени само првите шест месеци годинава, покажуваат податоците на Централниот регистар. 

 

Најмногу клуч на врата се ставало во секторите трговија, преработувачката индустрија и објектите за сместување. Статистиката е слична во споредба со минатата година и 2019та.

Од бизнисот велат дека бројот на затворени фирми скоро секоја година е ист, но Миле Бошков, претседател на Бизнис конфедерацијата очекува годинава трендот да продолжи со позасилено темпо за разлика од претходните години, поради тешката состојба во која се наоѓаат фирмите. Според него економските и енергетски кризи силно ги погодија компаниите и закрепнувањето оди потешко од очекуваното.

„Тоа е веќе состојба... просек... / се влегува во континуитет од криза во криза...“ изјави за Канал 5 Миле Бошков, претседател на Бизнис конфедерација.

Последниве две години беа тешки за сите сектори, а угостителството, трговијата и туризмот беа едни од најпогодените со Корона КРИЗАТА. Според Бошков неизвеснота се уште трае, И апелира државата да се фокусира повеќе на економијата и да создаде амбиент во кој фирмите ќе можат самите да се борат да опстанат.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »