Промовирани огласи »

Компанијата Кромберг & Шуберт Македонија Бт ДООЕЛ како општествено одговорна компанија е инволвирана со свои донации и придонеси кон различни сфери од животот во Пелагонискиот регион, но како приоритет секогаш се насочува кон здравството и образованието

Досега сме имале можност да прочитаме за различни донации остварени првенствено во болницата во Битола и здравствениот систем, како и за повеќето активности во кои ги вклучува и различните нивоа на образование.

Од основно образование со различни донации низ повеќе основни училишта, до вклучувањето во Дуалното образование во соработка со Техничкото училиште од Битола, практикантските работи и со стипендиите кои секоја година ги доделува на студентите од универзитетот „св. Климент Охридски“

Петта година со ред, на студентите кои се запишани на техничките факултети при универзитетот, компанијата доделува стипендди со цел да ги стимулира, мотивира и да им даде основа на студентите за нивниот професионален развој да го остварат во рамките на градот Битола или на нашата држава. Покрај паричниот износ, практикантската работа е важен фактор со кој студентите се запознаваат со модерните начини на работа во една производна компанија, методите за работа кои се имплементирани во фабриката, Lean концептот според кој се одвива целокупниот производен процес како и уникатниот начин на менаџирање со фабриката која е воедно и најголемиот работодавач во државата. 

Од изминатите години дел од стипендистите се одлучија нивниот професионален развој да го започнат токму во оваа компанија кои се доказ дека вложувањето во образованието е вложување во иднината на компанијата, студентите и целата држава.

Се надеваме дека сѐ повеќе компании ќе го следат овој пример и ќе придонесат кон поголемото добро.

Промовирани огласи »

Доколку велосипедите се користат во остатокот од светот до степен до кој се користат во Холандија, глобалните емисии на јаглерод би се намалиле за дури 700 милиони тони годишно, покажуваат податоците добиени од една данска студија.

Универзитетот во Јужна Данска го спроведе ова истражување, чии резултати се објавени во научното списание Communications Earth & Environment. Холанѓаните секој ден возат во просек по 2,6 километри. Ако тоа беше случај во остатокот од светот, глобалните емисии на јаглерод би биле намалени за значителен број. Оваа бројка е поголема од онаа на Велика Британија, Канада, Саудиска Арабија и Австралија.

Авторите на студијата заклучија дека поради оваа причина е неопходно да се промовира велосипедизмот. Возењето велосипед е здраво и еколошки поприфатливо. Оние кои одат на работа со велосипед имаат 45 отсто помал ризик да добијат рак и 46 отсто помал ризик од кардиоваскуларни болести.

Според податоците на британската еколошка организација Hubbub, 50 отсто од дневните патувања се пократки од 3,2 километри, што значи дека за нив е многу прифатливо да бидат со велосипед.

Данското истражување, исто така, утврди дека производството на велосипеди е значително зголемено во последните 60 години. Во 2015 година биле произведени 123 милиони велосипеди, додека во 1962 година биле произведени 20,7 милиони велосипеди. Сепак, тоа не значи дека употребата на ова транспортно средство расте во светски рамки. На глобално ниво, стапката на дневно користење велосипед во споредба со другите превозни средства е само пет проценти.

Данска и Холандија се истакнати како добри примери како велосипедот да стане основно превозно средство, пренесува Еуроњуз. 

Промовирани огласи »

Ќе се сложиме, ова навистина звучи како идеална летна работа, зарем не?

Има ли нешто подобро од тоа да седите и да уживате во летното попладне со чаша квалитетно вино во рака? А што ако за тоа добиете и плата?

Ако овој опис на работната позиција ве привлече, ја имаме идеалната летна работа за вас.

Британскиот производител на вино Majestic бара кандидат кој ќе учествува во нивната „vinternship“ пракса – што вклучува патување во Португалија со цел дегустација на вкусни вина, директно во винаријата на производителот.

Освен што летот и сместувањето ќе му бидат платени, избраниот кандидат ќе добие 600 фунти за неговиот тридневен ангажман – а да напоменеме, ќе има можност да проба одлични вина во процесот на производство.

Кандидатот кој ќе биде избран ќе може да донесе и пријател за да го сподели искуството.

Работните обврски вклучуваат обиколка на лозјето со коњ и кочија, посета на винарската визба и просторијата со буриња пред да пробате голем избор на вина и маслинки од пет региони низ Португалија: Алгарве, Алентехо, Лисабоа, Дуро и Вињо Вердес.

Двајцата посетители, исто така, ќе бидат почестени со богат ручек.

Ќе се сложиме, ова навистина звучи како идеална летна работа, зарем не?

Промовирани огласи »

Сојузот на синдикати на Македонија бара Владата и работодавачите од приватниот сектор веднаш да пристапат кон зголемување на платите на работниците бидејќи, како што велат, и во време на ковид пандемија, работниците со својата работа помогнале да се зголеми капиталот на работодавачите, а државата наплаќала приходи по основ на даноци.

Стоте најголеми компании оствариле вкупна добивка од 735,5 милиони евра во 2021 година, додека во 2020 година, добивката на овие компании била 517,4 милиони евра, што значи дека за една година добивката се зголемила за 42 проценти. Тоа значи дека работниците само во овие 100 најголеми компании биле попродуктивни и на своите работодавачи им сработиле фантастична добивка за дополнителни 218,1 милиони евра за само една година, наведува ССМ.

Од ССМ посочуваат дека за разлика од зголемената добивка на капиталот на работодавачите, платите на работниците се зголемени за само 5,8 проценти колку што се зголемила просечната плата од декември 2020 до декември 2021 година според Државниот завод за статистика.

Ова е периодот за кој Државниот завод за ревизија во извештајот за преземените владини мерки и политики за поддршка на вработувањето и професиите погодени од ковид-пандемијата констатира намалени приходи во Буџетот на РСМ во вкупен износ од 1 437 005 илјади денари, односно околу 23 милиони евра, а голем дел од тие средства не ни стигнаа до сметките на работниците, а за што ССМ предупредуваше дека ќе се случи, велат од ССМ. 

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »