Промовирани огласи »

Социјалните мрежи се клучен дел од маркетингот на вашиот бизнис, но тоа искуство не мора да ви претставува стрес.

Факт е дека скоро сите професионални компании користат социјални мрежи, 78% од продавачите кои го користат интернетот за да соберат клиенти и прават продажба на производи, се наведува дека се забележани  многу подобри деловни резултати, отколку нивните колеги кои не се онлајн. Направете го првиот чекор, креирајте профил и започнете да комуницирате со вашите клиенти. 

Некои од придобивките кои ќе ги добиете доколку ги користите социјалните мрежи:

  1. Подигнување на свеста за вашиот бренд
  2. Зголемување на сообраќајот
  3. Промовирање производи и услуги

Кога зборуваме поконкретно за дигиталната трансформација во бизнис смисла на зборот, генерално се осврнуваме на начинот на кој некоја компанија интегрира нови технологии и ги искористува придобивките од истата во своја корист.

Не сите платформи за социјални медиуми ќе бидат соодветни за вашиот бизнис. Заштедете време и напор со избирање на платформи за социјални медиуми што ќе ги користите за вашата целна публика.

Пред да започнете со дигитална трансформација, важно е да знаете дека тоа е тековен процес, кој бара управување, иновации, едукација и прилагодувања за да се успее.

Промовирани огласи »

Европската валута еврото е на најниско ниво во последните пет недели во однос на доларот. 

Еврото утринава во азиското тргување се намали на само 1,0026 долари, првпат од 15 јули, а потоа се искачи на 1,0040 долари, пренесува Ројтерс.

Во однос на јапонската валута, која е исклучително чувствителна на движењето на приносите на американските државни обврзници, доларот зајакна на дури 137,44 јени. Тоа е највисоко ниво од 27 јули.

Британската фунта се тргуваше за 1,18325 долари, а најниското ниво во последните пет недели беше на 1,17925 долари.

Еврото е под притисок откако Русија објави дека на крајот на овој месец ќе ја намали испораката на гас за Европа преку гасоводот Северен тек 1 на три дена поради работи за одржување.  Војната во Украина и енеергетската криза доведоа до промена на валутите.

foto freepik.com/jcalvera

Промовирани огласи »

Град Скопје изработи сеопфатен план за штедење на електрична енергија со мерки за намалување на потрошувачката на струја на среден и долг рок, а истиот содржи и интервентни мерки на штедење, велат од Град Скопје.

Во пресрет на зимскиот период и енергетската криза, Град Скопје изработи сеопфатен план за штедење на електрична енергија со мерки за намалување на потрошувачката на среден и долг рок, а истиот содржи и интервентни мерки на штедење. Во моментов се изготвуваат и соодветни препораки до јавните претпријатија кои се во надлежност на Град Скопје, информираат од Град Скопје за МИА. 

Промовирани огласи »

Нептун е најголемата малопродажна и дистрибутивна мрежа на производи од бела техника, апарати за домаќинство, ТВ/Аудио/Видео, компјутери, телефони, фото апарати и камери, производи за нега и убавина, ладење и греење, во Македонијa.

Во моментов вработува:

ПРОДАЖЕН ПЕРСОНАЛ - СКОПЈЕ
РЕФЕРЕНТ ЗА ПРОДАЖБА - БИТОЛА
РЕФЕРЕНТ ЗА ПРОДАЖБА - КОЧАНИ
БРЕНД ПРОМОТЕРИ

За да ги видите и аплицирате на огласите кликнете ОВДЕ!

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »