Промовирани огласи »

Сметките за парно од денеска се намалени во согласност со насоките кои пред две недели ги даде Регулаторната комисија за енергетика.

Од утрово на граѓаните почнаа да им пристигаат новите сметки по пошта и по електронски пат и може да се забележи дека се разликуваат од претходните за суми меѓу 300 и 500 денари, во зависност од големината на објектот кој се грее и неговата енергетска ефикасност.

Граѓаните кои имале сметки околу 3000 денари за август, сега добиваат нови, коригирани сметки на суми од околу 2500 денари. Проблемот во БЕГ настана бидејќи Владата не ги исплатила субвенциите за греење по што БЕГ доставија несубвенционирани сметки.

Промовирани огласи »

Ермал Мамаќи користејќи ја својата духовитост и комична личност го трасира патот како можеме да ги програмираме нашите умови за да стигнеме до успех. Тој е познат како бизнисмен, продуцент, шоумен, пејач, актер, многу успешен комичар, а од неодамна и како мотивациски говорник.

Ермал е еден од најследените Албанци на социјалните мрежи ширум светот кој постави рекорд на публика во секој негов проект како „6 дена без Ермал“, филмот „2 прста душо“ и филмот „Ја сакам Тропоја“.

Ермал е обучен на повеќе од 100 обуки, 12 години од страна на најголемите тренери на планетата. Негови ментори се Брајан Трејси, Тони Робинс, Грант Кардоне, Џон Ли, Авинаш Ананда, Васил Начи и други.

Тој сега создаде своја академија за учење „EM Trainings“ каде што вклучи обуки кои мотивираа илјадници луѓе на нивниот пат кон успехот.

Промовирани огласи »

Сојузот на синдикатите на Македонија како репрезентативен синдикат и национален социјален партнер во државата беше иницијатор и најголем поддржувач на законските измени со кои денот недела е уреден како неработен ден за најголемиот број на вработени во државата и затоа нагласуваме дека недела конечно е ден на неделен одмор и е реалност колку и тоа на одредени работодавачи да не им се допаѓа.

Работниците веќе го чуствуваат бенифитот од ова право, ден на неделен одмор да биде недела кое е уредено во Закон за изменување и дополнување на Законот за работните односи Сл.Весник бр.288 од 21 декември 2021 година и Законот за изменување и дополнување на Законот за трговијата Сл.Весник бр.295 од 27 декември 2021 година што е во целост согласно горенаведеното и член 32 од Уставот на Република Северна Македонија дека секој вработен има право на платен неделен одмор и дека од тоа право работниците не смеаат да се откажат, а работодавачите не смеат да го ограничат.

Во поглед на иницијативата од страна на Стопанската комора која е предвидено Уставниот суд да ја разгледува во среда на 14.09.2022 година , ССМ нагласува дека согласно член 11 од Уставот „Се забранува присилна работа.“, согласно член 32 од Уставот „Секој вработен има право на платен дневен, неделен и годишен одмор“, а „Од овие права вработените не можат да се откажат“ и истиот член утврдува дека „Остварувањето на правата на вработените и нивната положба се уредуваат со закон и со колективни договори.“

Наша правна водилка во обезбедувањето на ова право беа националните и меѓународните закони и документи: Уставот и работно правното законодавство на државата, Општа декларација за човековите права, Европската конвенција за заштита на правата,Конвенцијата за неделен одмор и др.

Сите овие закони и фундаментални документи за човековите права од национална и меѓународна природа поаѓаат од постулатот дека секој има право на работа и работни услови кои го почитуваат човековото достоинство.

Во таа насока секој има право на ограничување на максимслниот број на работни часови , дневен,седмичен,годишен одмор и право на платено отсуство.(Член 31 Повелба на основните права на ЕУ).
Истовремено укажуваме дека согласно Конвенцијата за неделен одмор C 106 е јасно наведено дека сите работници треба да имаат право на непрекинат неделен одмор што се состои од најмалку 24 часа за период од 7 дена, дека периодот на неделен одмор треба да коинцидира со денот од неделата што се смета за ден за одмор согласно на традицијата и обичаите на земјата или регионот, дека секоја земја може да се примени посебен режим на неделен одмор или, за определни категории на лица или организации опфатени со Конвенцијата, да им се плати за сите соодветни социјални и економски барања и др.

Истовремено Конвенцијата упатува и дека во определувањето на условите во кои привремените иземања за неделен одмор се дозволени, репрезентативните организации на работниците и работодавачите, онаму каде што истите постојат, треба да бидат консултирани што е случај во нашата Држава поради тоа што на ваквото законско решение дадоа согласно сите репрезентативни претставници на работниците и работодавачите преку процесот на социјалниот дијалог на Економско – социјалниот совет.

Дополнително нагласуваме дека дури во Конвенцијата е јасно наведено дека ниту една одредба од оваа Конвенција нема да влијае на закон, одлука, обичај или договор кој обезбедува поблагопријатни услови за работниците од оние што се обезбедуваат со оваа Конвенција што е случај со Измените на Законот за работните односи со кои се прогласи недела за ден на неделан одмор за над 92 % од работниците.

Работодавачите со ваквите постапки го покажуваат своето вистинско лице, дека не ги почитуваат работничките права дека не ги почитуваат работниците и дека најважен им е личниот интерес и нивното богатење на грбот на трудот на работникот.

Го повикуваме Уставниот суд веднаш да ја отфрли иницијативата на Стопанската комора која е спротивна на Уставот, а ги охрабруваме почитуваните Судии разгледувањето на иницијативата и нејзиното отфрлање кое е предвидено за во среда, да ја одложат точката и седницата да ја закажат оваа недела и расправата да ја продолжат и неколку денови во денот недела и да ги повикаат сите работодаачи од Стопанската комора на Северна Македонија кои се многу загрижени да им се дозволи да работат во недела за да почуствуваат како се чувствуваат и нивните колеги работници кои досега работеа во ден недела без ограничување и без за тоа да бидат платени, но се сомневаме дека газдите ќе дојдат порати тоа што сите или 90% од нив ќе бидат по монденските одмаралишта на продолжени викенди на грбот и од потта на работниците кои со нивниот труд им го ствараат капиталот, а ние работниците и оваа недела и секоја наредна ќе бидеме во судница на покана на Судот.

Му предлагаме на Уставниот суд по ова егзистенцијално прашање за работниците да расправа секој ден недела до крајот на годината и тогаш повторно да ги прашаат работодавачите кои стојат зад иницијативата правото на неделен одмор да не биде регулирано со закон, дали се против и дали остануваат на ставот истакнат во Иницијативата.

Законот за работни односи Сл.в. бр.288 од 21.12.2021 година и Законот за изменување и дополнување на Законот за трговија Сл.в.бр.295 од 27.12.2021 година е во целост во согласност со Уставот на РСМ и позитивното право во Државата, исто така тоа се потврдува и со Конвенцијата за неделен одмор С 106 на МОТ и согласно горенаведеното бараме Уставниот Суд на РСМ да ја отфрли иницијативата бидејќи со истата ќе се задре во веќе утврдено право на непрекинат неделен одмор што се состои од најмалку 24 часа за период од 7 дена на илјадници работници во државата.

Промовирани огласи »

Минималната часовна цена во Србија од 1 јануари 2023 година ќе биде 230 динари, изјави денеска министерот за финансии Синиша Мали по седницата на Социјално-економскиот совет.

Тој рече дека минималната плата ќе биде 40.020, што е зголемување за 14,3 отсто, додавајќи дека зголемувањето на минималната плата ќе доведе до годишно зголемување на деловните трошоци за 350 милиони евра и дека поради ова државата ќе ги растерети работодавачите, со тоа што неоданочливиот дел од платата е 21.712 динари.

На овој начин ќе го укинеме трошокот што го носи минималната плата, за да ја намалиме можноста за отпуштања поради зголемувањето на минималната плата - изјави Мали.

Претставниците на Сојузот на независни синдикати на Србија (ССС С) и Обединетите гранкови синдикати (УГС) Независност бараат минималната плата до крајот на годинава да се зголеми на 43.000 динари.

Ова го побараа денеска на јавен собир што го одржаа пред Палатата Србија, а од каде барањето го испратија до Социјално-економскиот совет кој заседаваше од 9 до 11 часот.

Зоран Михајловиќ, секретар на Советот на ССС С, објасни дека двата синдикати бараат зголемување на минималната плата, а бараат и од следната година двапати годишно да се расправа за минималната цена на трудот.

Сметаме дека минималната плата мора да биде повисока од 40.000 динари, бидејќи цените на основните животни производи драстично се зголемени и дека она што се нуди како минимална плата не покрива ниту половина од минималната потрошувачка кошничка од 35.000 динари“, рече. Михајловиќ, обраќајќи им се на толпата, додека стоеше пред две маси полни со различни јадења.

Тој прецизираше дека 21.000 динари од минималната потрошувачка кошничка се наменети за прехранбени производи, а останатите за други животни потреби.

Минималната потрошувачка кошничка во септември вреди 51.000 динари, а очекуваме до крајот на годината да биде 56.000 динари и дури тогаш ќе дојде минималниот приход од 40.000 динари. Замислете што ќе се случи во јуни следната година со 40.000 динари а цените во Србија, што ќе може да купи тогаш тричлено семејство, предупреди Михајловиќ.

Синдикалците изнесоа податоци според кои потрошувачката кошничка во јуни 2021 година била нешто над 39.334 динари, во јуни годинава повеќе од 44.346 динари, а во септември достигнала 50.197 динари.

Најавија дека доколку не се прифатат нивните барања, ќе го повикаат своето членство на генерален штрајк и протести.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »