Промовирани огласи »

Бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 од ноќеска на полноќ поскапува за два денари по литар, а цената на другите горива останува иста, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ).

Со одлуката се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,45 отсто.

Новата малопродажна цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 90 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС – 98 и понатаму ќе се продава за 90,5, ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) за 100,5, а Екстра лесното масло за горење (ЕЛ-1) за 97 денари за литар.

Иста останува и цената на Мазут М-1 НС кој и понатаму ќе чини 49,483 денари за килограм.

Од РКЕ посочуваат дека референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување кај бензините во просек за 3,207 отсто, кај дизелот има намалување за 1,78, кај екстра лесното масло намалување за 0,901, а кај мазутот зголемување за 1,027 отсто. Курсот на денарот во однос на доларот е понизок за 0,008 отсто.

Промовирани огласи »

Европа сега има толку многу природен гас што не знае што да прави со него, па цената на самото место оваа недела накратко стана негативна, објави телевизијата CNN.

Со месеци, европските претставници предупредуваат на енергетска криза во текот на претстојната зима, бидејќи Ру сија, некогаш најголемиот снабдувач на природен гас во регионот, го намали снабдувањето како одмазда за санкциите воведени од Европа поради случувањата на истокот, известуваат медиумите.

Сега складиштата за гас во ЕУ се речиси полни, па танкери кои превезуваат течен природен гас (ТНГ), се додава, стојат во пристаништата бидејќи немаат каде да го растовараат товарот, а цените паѓаат.

Референтните фјучерси за природен гас (купени еден месец однапред) на европскиот пазар паднаа за 20 отсто од минатиот четврток и повеќе од 70 отсто откако достигнаа рекордно високо ниво кон крајот на август. На холандскиот пазар цената за испорака на гас во рок од еден час во еден момент падна под нула евра, покажуваат податоците на Интерконтиненталната берза.

Цените паднаа на негативна територија поради застојот на мрежата, изјави за CNN, Томас Марзек-Мансер, шеф за анализа на пазарот на гас во Independent Commodity Intelligence Services (ICIS).

Тоа е изненадувачки пресврт за Европа, каде што домаќинствата и бизнисите беа погодени од застрашувачки скок на цената на еден од нејзините најважни извори на енергија во претходниот дел од годината.

Масимо Ди Одоардо, потпретседател за истражување на пазарот на гас и TPG во Вуд Мекензи, вели дека таквиот драматичен пресврт на среќата во голема мера се должи на невообичаено благото време.

Во земјите како Италија, Шпанија, Франција, температурите и потрошувачката на гас се поблиску до нивоата од август и почетокот на септември. Дури и во нордиските земји, како и во Велика Британија и Германија, потрошувачката е далеку под просекот за овој период од годината, додава тој.

Според операторот Gas Infrastructure Europe, капацитетите за складирање на гас во ЕУ сега се полни речиси 94 отсто. Тоа е далеку над 80-те проценти што 27-члениот блок ги постави како цел да ги достигне до ноември.

Тоа е исклучително високо ниво, рече Ди Одоардо, истакнувајќи дека максималните нивоа на складирање во просек изнесуваат 87 отсто од капацитетот во последните пет години.

Напорите на Европа да обезбеди што е можно повеќе гас пред зимата доведоа до акумулација на танкери TPG во европските пристаништа поради недостиг на терминали за складирање.

Феликс Бут, раководител на компанијата за следење податоци TPG Vortex, изјави за CNN дека дури 35 бродови пловат во близина на пристаништата во северозападна Европа и на Пиринејскиот Полуостров, или пловат многу бавно кон нив, поради недостаток на капацитет за складирање за истовар.

На тие бродови веројатно ќе им треба уште еден месец за да го преземат товарот, додава тој.

Заедно, тие танкери носат ТПГ во вредност од околу 2,0 милијарди долари, според давателот на податоци за енергетскиот пазар Аргус Медиа.

И покрај неодамнешниот пад на цената на гасот во Европа на околу 100 евра за мегават час, европските фјучерси за природен гас сè уште се 126 отсто над нивните нивоа минатиот октомври, кога економиите почнаа повторно да се отвораат по заклучувањето на корона и скокна побарувачката.

Цените би можеле повторно нагло да се зголемат во декември и јануари доколку времето наеднаш стане постудено, предупредува Бут. И покрај фактот дека уделот на Русија во вкупниот европски увоз на гас падна од 40 отсто на само 9,0 отсто, регионот може да се најде во тешка ситуација следното лето кога ќе треба да ги надополни резервите за следната зима.

Се проценува дека цените ќе достигнат 150 евра за мегават-час до крајот на 2023 година, вели Бил Ведербурн, економист за пазари на стоки во Capital Economics, објаснувајќи дека пополнувањето на складиштето пред следната зима ќе бара ЕУ да увезе уште повеќе TPG, бидејќи мора да надомести за изгубениот увоз на руски гас за цела година, наведува Си-Ен-Ен.

Промовирани огласи »

Производителите на масло, пекарските, млечните и мелничките производи, како и преработувачите на млеко, ќе добијат поддршка од државата. 

Тие ќе плаќаат струја под 100 евра за мегават час, што е двојно помалку од цената на регулираниот пазар. Со тоа, прво би требало да се стабилизира пазарот, а потоа и цената на лебот да се намали за околу 10 проценти. Ова се заклучоците од денешната средба на министерот за економија Крешник Бектеши и претставниците на пекарската индустрија. 

Исто така, можно е листата да се прошири и со компаниите од месната индустрија. Бектеши рече дека до крајот на денот стопанските комори треба да достават дополнителни предлози со кои би се проширила листата на компании за поддршка. До утре ќе се направат сите калкулации во однос на евентуалните финансиски импликации, по што ќе биде донесена и конкретната одлука.

Бектеши очекува поради намалувањето на цената на електричната енергија, компаниите од прехранбената индустрија да ги поевтинат производите. Доколку, пак, некој ја злоупотреби ситуацијата и домашните основни производи ги продава поскапо од увезените, не е исклучено, рече, Владата да донесе и мерка за замрзнување на цените на одредени прехранбени производи.

Според компаниите, поевтината струја за еден месец ќе овозможи стабилизирање на пазарот, по што може да се утврди намалувањето на цената на пекарските производи за околу 10 отсто.

Во финалната цена на одреден производи влегуваат многу инпути, а еден од нив е и електричната енергија. Во делот на инпутот на електричната енергија, тоа што моментно го имаат ќе биде двојно пониско и согласно таа формулација ќе бидат намалени најверојатно и цените на основните производи. Очекуваме до крајот на денот дополнителни предлози од стопанските комори за да се надополни листата. До утре ќе се напарават сите калкулации во делот на финансиските импликации. Можно е да бидат вклучени и преработувачите на месо и месни производи, но тоа веројатно ќе се знае утре, кога се очекува Владата да донесе одлука по направените анализи за потрошувачката и евентуалните финансиски импликации. Компаниите ќе плаќаат под 100 евра за мегават час, односно двојно пониска цена од онаа на регулираниот или речиси тројно пониска од онаа на отворениот пазар - информира Бектеши.

Според него, до крајот на април ќе се намалат оперативните трошоци на компаниите.

Со тоа, секако,компаниите ќе можат да направат дополнителни калкулации во одредувањето на цените на производите. На ист начин, речиси слични одлуки, веќе се подготвени во соработка со ЕСМ и со другите енергетски компании, како и со институциите, посебно со Централен регистар - рече министерот.

Бектеши рече и дека не мисли оти домашното млеко ќе биде поскапо од увезеното.

Мислам дека нема да биде поскапо. Владата има механизми, ако тоа се злоупотребува може директно да донесеме некои одлуки согласно кризата за замрзнување на цените одредени прехранбени производи - истакна Бектеши.

Потпретседателот на Сојузот на стопански комори Горан Ѓорѓиевски објасни дека по плаќањето поевтина струја, најпрво ќе следува стабилизација на пазарот па дури потоа ќе може да се каже за колку ќе поевтинат основните производи. За ова, потенцира Ѓорѓиевски, е неопходен сублимат од повеќе чекори, но и овој првиот, истакна, е многу значаен.

Таа стабилизација се надевам дека ќе трае околу еден месец. Ќе се види конкурентски како тоа ќе делува врз производителите по што може да се утврди дека за отприлика десетина проценти може да се спушти цената на основните производи, конкретно кај нас во пекарската индустрија. За поголемо намалување, потребни се други чекори, потребен е сублимат од повеќе чекори. Но, и овој првиот е многу важен, сериозен и квалитетен исчекор напред од страна на државата зашто ќе добиеме пониска цена на електричната енергија, а тоа ќе овозможи и ќе придонесе да се намалат цените на основните прехранбени производи и да бидат многу поприфатливи за потрошувачите. Покрај овој добар, сериозен исчекор, ние понатаму би очекувале и други соодветни исчекори кои уште повеќе би придонеле цената на основните производи да се спушти на уште пониско, посоодветно ниво. Ова е добар, квалитетен исчекор и се надевам дека ќе биде почеток на други со кои ќе се заокружи овој процес за обезбедување уште подобри цени - рече Ѓорѓиевски. 

Промовирани огласи »

Телекомуникацискиот оператор Мтел, членка на Телеком Србија групацијата, денеска ќе објави почеток на услуги од мобилна телефонија и интернет на македонскиот телекомуникациски пазар. Мтел влезе на пазарот во ноември лани со услуги во сателитската телевизија, а раководството тогаш најави проширување и во сегментот на мобилната телефонија.

Мтел oд денеска нов оператор за мобилна телефонија

Телекомуникацискиот оператор Мтел, членка на Телеком Србија групацијата, денеска ќе објави почеток на услуги од мобилна телефонија и интернет на македонскиот телекомуникациски пазар. Мтел влезе на пазарот во ноември лани со услуги во сателитската телевизија, а раководството тогаш најави проширување и во сегментот на мобилната телефонија.

Податоците на Агенцијата за електронски комуникации покажуваат дека бројот на активни претплатници во мобилна телефонија во државава заклучно со вториот квартал годинава изнесува 1.932.608. Од резиденцијалните, 754.907 се припејд претлатници, а 928.381 постпејд, додека бројот на деловни претплатници изнесува 249.320.

А1 Македонија има 48,13 проценти од вкупниот број активни претплатници, по што следат Македонски Телеком  со 47,39 проценти, Лајкамобајл со 3,19 проценти, Роби со 1,21 процент, Грин мобиле со 0,08 проценти.

Во приходите од обезбедување на мобилни комуникациски услуги (малопродажно ниво) во вториот квартал од годинава Македонски телеком учествува со 50,67 проценти, А1 Македонија со 47,7 проценти, Роби со 0,89 проценти, Лајкамобајл  со 0,55 проценти, Греен мобиле со 0,12 проценти.

Пристап до интернет со широк и тесен опсег преку мобилна мрежа (2G/3G/4G)  на крајот на вториот квартал имаат 1.473.555 претплатници. 

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »