Промовирани огласи »

На Самитот Западен Балкан – Европска Унија што се одржува денеска во Тирана телекомуникациските оператори потпишаа Договор со кој ќе се овозможи намалување на цените за роаминг меѓу ЕУ и регионот од следната година. На потпишувањето на Договорот присуствуваше и премиерот Димитар Ковачевски заедно со другите лидери од Западен Балкан, како и претседателката на Европската Комисија Урсула фон дер Лајен и претседателот на Советот на Европа Шарл Мишел.

Со Договорот, Северна Македонија, Албанија, Србија, Црна Гора, Косово и БиХ од идната година ќе имаат пониски тарифи во роаминг со земјите од ЕУ, а тарифите блиски до националните нивоа на цени се планира да се постигнат до 2027 година.

-Денешното потпишување на договорот е уште една силна потврда за нашата европска иднина и интензивната соработка на земјите од Западен Балкан со земјите од ЕУ. Со овој договор од денес ќе сме поповрзани со земјите од ЕУ и ќе можеме полесно и побрзо да одиме по европскиот пат. Со овој договор се овозможува поголема поврзаност и практична и економска придобивка и за граѓаните и за бизнисот, оценуваат од Владата.

Европската комисија и Регионалниот совет за соработка (РСС), предводени од генералниот секретар Мајлинда Брегу, по долги преговори постигнаа договор со телекомуникациските оператори од Европа и  Балканот за намалување на роаминг тарифите.

РСС очекува со примената на Договорот да се намалат оперативните трошоци на бизнисмените, да се поттикне бизнисот надвор од матичните граници и да се даде дополнителен поттик на туризмот во регионот на Западен Балкан.

По стапувањето во сила на регионалниот договор за намалување на цените на роаминг, со кој во јули лани целосно беше укинат роамингот во Западен Балкан од јули 2021 година, РСС, во соработка со ЕК, операторите од ЕУ и од ЗБ, како и со властите од регионот, работеа на намалување на цените на роаминг меѓу Европската унија и регионот.

На 1 јули минатата година се укина роамингот за телефонски разговори, СМС пораки и интернет меѓу Северна Македонија, Србија, Црна Гора, Албанија, Косово и Босна и Херцеговина. Со тоа се заокружи примената на Договорот од Вториот дигитален самит од 2019 година меѓу шесте држави од Западен Балкан.

Во состав на владината делегација од Северна Македонија на Самитот во Тирана, се и вицепремиерот задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ и министерот за надворешни работи Бујар Османи.

Ковачевски на Самитот во Тирана ќе учествува и на две панел дискусии на кои фокусот ќе биде европската перспектива на земјите од Западен Балкан, обезбедувањето демократија, мир и слобода, како и тесната соработка помеѓу земјите во заедничкото справување со предизвиците наметнати од економската и енергетската криза.

Промовирани огласи »

Овој четврток ни доаѓа и последниот неработен ден за оваа година, тоа е празникот Св.Климент Охридски.

Потоа првиот неработен ден во 2023-та година ни доаѓа на само вториот ден од Новата година.

Јануари (2 продолжени викенди)

Во јануари имаме продолжен викенд за Нова Година. 1 јануари е недела но неработен ќе биде понеделникот, односно 2 јануари.

За Божиќ баш немаме среќа бидејќи празникот се паѓа во сабота. Но, Бадник е во петок па ќе имаме еден подолг викенд.
Во јануари има уште еден празник, а тоа е Богојавление (Водици) кој се празнува на 19 јануари во четврток.

Април (подолг Велигденски одмор и продолжен викенд за Бајрам)

Во април оваа година ни е Велигден. Празникот се паѓа на 16 април. Како и секоја година, неработни ќе бидат 4 дена околу овој празник, во кои е вклучен и еден викенд. Нема да се работи 14 април кога е Велики Петок а по викендот неработен ќе биде и вториот ден на Велигден, односно 17 април, понеделник.

Во овој месец неработен за сите граѓани е и 21 април кога се празнува Рамазан Бајрам. Денот се паѓа во петок што значи дека ќе имаме продолжен викенд.

Мај (продолжен викенд за Денот на трудот)

Во мај уште на почетокот на месецот имаме продолжен викенд. 1 мај се паѓа во понеделник, што значи дека заедно со викендот тоа ќе биде добра можност да се испланира некое патување.

Во мај има уште еден неработен ден, на 24 мај, Денот на сесловенските просветители Св. Крил и Методиј. Овој ден се паѓа во среда.

Јуни (продолжен викенд за Духовден)

Во јуни граѓаните од православна вероисповед имаат еден неработен ден а тоа е 2 јуни, кога се одбележува Духовден. Неработниот ден е во петок, што значи дека ќе има можност за уште еден продолжен викенд.

Август (продолжен викенд за Успение на Пресвета Богородица)

Во август имаме 2 неработни денови. Првиот е за Денот на Републиката, на 2 август. Денот се паѓа во среда.
Вториот неработен ден ќе ни донесе и продолжен викенд бидејќи Голема Богородица се паѓа на 28 август, во понеделник што значи дека тоа ќе биде уште еден продолжен викенд.

Септември (продолжен викенд за Денот на независноста)

Во септември имаме уште една добра можност за некој краток одмор на крајот од летото бидејќи 8ми септември, Денот на независноста се паѓа во петок.

Октомври (продолжен викенд за Денот на ВМРО)

Во октомври има два неработни дена. Првиот е на 11 октовмри Денот на народното востание и овој ден се паѓа во среда.

Вториот неработен ден е нова можност за продолжен викенд, бидејќи Денот на ВМРО се паѓа на 23 октомври, понеделник.

Декември (продолжен викенд за Св Климент Охридски)

Во декември неработен е 8 декември, петок поради прославата на Св. Климент Охридски што е нова можност за продолжен викенд)

Промовирани огласи »

Од денес, ексклузивно на KARIERA.mk можете да ги најдете сите активни огласи за вработување на „Синцеритас“.

„Синцеритас“ АД Скопје е фармацевтска компанија чиј фокус на работење е култивирањето и производството на канабис за медицинска намена. Работните практики и политики во нашата компанија се усогласени со највисоките домашни и европски стандарди во фармацевтската индустрија (ISO, GACP, GMP) со цел производство на сув цвет и на масло од канабис со висока чистота и различни концентрации на CBD и THC.

Нашиот тим се состои од талентирани луѓе кои имаат желба за напредок и постојано усовршување. Тоа значи дека бараме талентирани, одлучни луѓе кои се истакнуваат во своето поле на работење и би сакале да ни се придружат со полно работно време во нашето седиште во Скопје, или пак, во лабораториските и производствени капацитети во Росоман.

Доколку сте заинтересирани да се придружите на #TeamSinceritas можете да аплицирате за следниве работни позиции:

QP - КВАЛИФИКУВАНО ЛИЦЕ
QA - ОДГОВОРНО ЛИЦЕ ЗА ОБЕЗБЕДУВАЊЕ НА КВАЛИТЕТ
ОПЕРАТОРИ ВО КУЛТИВАЦИЈА
СТРУЧЕН СОРАБОТНИК ЗА ПРАВНИ И АДМИНИСТРАТИВНИ РАБОТИ

Промовирани огласи »

Добрите лидери не само што ја насочуваат работата на своите вработени - тие исто така ги инспирираат. Тие им дават мотивација на  сите околу нив да го достигнат својот максимум. Исто така поттикнуваат за  поголем ангажман и му помагаат на тимот да работи преку предизвикувачки околности. Се разбира, еден од најголемите предизвици за лидерите е да го најдат вистинскиот баланс за да ги добијат најдобрите резултати од нивниот тим, без да стане наметлив или непријатен. Според многу истражувања овие совети  се покажале како ветувачки.

Исполнете ги основните потреби на вработените.

Едно истражување покажало дека луѓето имаат три основни потреби на работното место и тоа да се чувствуваат безбедно, да имаат чувство на припадност и да чувствуваат дека се од важност. Овие потреби се очигледно важни во нечие секојдневие, но тие можат да бидат исто толку важни и на работниот простор. Кога овие потреби се задоволени, вработените стануваат повеќе ангажирани.

Направете заеднички работен простор.

Најинспиративните лидери едноставно не диктираат што треба да се направи. Тие не го гледаат нивниот зборт како последен за било која  тема. Тие знаат дека нивните вработени можеби имаат подобри идеи и се доволно разумни за да ги прифатат истите. Не треба да ви изгледа чудно што зголемениот ентузијазам и продуктивноста доаѓаат од поколаборативната работна средина.

Развијте ја вашата „центрираност“.

Постојат многу фактори кои можат да помогнат да се постане инспиративен лидер. Всушност, едно истражување од 2017 идентификуваше неколку фактори кои покриваат категории како што се развој на внатрешни ресурси, поврзување со други, водење на тимот и поставување на ритамот на работното место. Меѓутоа, од сите можни фактори е заклучено дека „центрираноста“, состојбата на внимателност и да се биде присутен во сите аспетки е најважна.

Со создавање на подобра работна средина за вашите вработени, користењето на сопствените сили и поткрепување на сите слабости што ги имате, ќе бидете на добар пат да станете вистински инспиративен лидер.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »