Промовирани огласи »

Македонските министри имаат слични плати како српските колеги, но заработуваат помалку од министрите во другите држави. Во соседството повисоки плати имаат и премиерите и министрите на Грција, Албанија и Бугарија, а платите во Владата на Србија се приближно колку и македонските.

Македонскиот премиер Димитар Ковачевски има плата од 88.260 денари или безмалку 1.500 евра, додека платите на вицепремиерите и министрите се околу 70 тина илјади денари или речиси 1.200 евра.

Тоа е речиси двојно помалку од она што како плата го добиваат нивните косовски колеги. Во Косово, платата на премиерот изнесува 2.950 евра, на вицепремиерите е околу 2.500 евра, додека министрите имаат плати од по 2.000 евра.

Ако овие плати на македонските министри се споредат со владите од земјите во ЕУ, разликата е уште подрастична, анализира 24 инфо.

Платата на канцеларот во Австрија изнесува 22.640 евра, а на министрите е нешто над 18.000 евра, односно дури над десет пати поголеми од примањата на македонските министри.

Промовирани огласи »

Цените на половните автомобили се на пикот и наскоро веројатно ќе почнат да паѓаат, процени во четвртокот финансиското одделение на „Volkswagen“.

„Сега сме во пикот“, рекол шефот на продажба во концернот Ентони Бандман.

Тесните грла во снабдувањето и редукцијата на производството во фабриките за автомобили оваа година на германскиот пазар, цената на половните автомобили ја истуркале на 20-25 проценти над долгогодишниот просек, пренесува „dpa“.

Директорот за финансиски услуги на „Volkswagen“ Кристијан Далхајм се согласил со проценката дека трендот наскоро ќе тргне во спротивна насока, како и директорот за финансии Френк Фидлер, кој очекуваниот пресврт го припишува на воздржаноста на купувачите.

Цените веќе полека паѓаат, бидејќи луѓето очекуваат рецесија и се сè повнимателни со парите, рекол Фидлер.

На цените оваа година влијаеја повеќе фактори. Освен недостигот на нови возила, тука се и последиците од вој ната во Укр аина, односно крајот на периодот на евтини кредити.

Извор: tocka.com.mk

Промовирани огласи »

Новогодишните и Божиќните празници се приближуваат, но во главниот град сè уште нема празнична атмосфера. 

Јавноста во неколку наврати коментираше и прашуваше дали Скопје ќе блесне за престојните празници, а скромен одговор на тоа прашање, даде градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, во гостувањето во емисијата „360 степени“. Арсовска даде позитивен одговор и најави детали на прес-конференција.

Ќе имаме една посебна прес-конференција на којашто ќе ги истакнеме сите оние работи кои ќе се одвиваат, не само за новогодишното украсување, туку и за програмата која ја планираме за скопјани за новогодишната ноќ и верувам дека треба да биде споделена со целата јавност со деталите - рече Арсовска.

Промовирани огласи »

Нискобуџетниот авиопревозник „Визер“ ќе прекине да сообраќа на авионски линии од Скопје и од Охрид до четири европски градови.

Авионите на оваа компанија нема да летаат од Скопје кон Финска, односно, Турку и Билунд, и линијата до Турин, а се укинува и линијата Охрид-Фридрихсхафен, објавува exyuaviation.com

Летовите за Турку беа воведени во 2019 година, додека за Билунд во декември минатата година.

Освен што оваа авиокомпанија укинува летово од Скопје, ќе бидат прекинати и авиолиниите меѓу меѓу Шарлeроа во Брисел и Љубљана, Белград и аеродромот Хан во Франкфурт, како и меѓу Тузла и Ваксјо во Шведска.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »