Излезе листата на најмоќните пасоши во светот.
Tри азиски држави обезбедија најголема слобода на патување за своите жители, стои во новиот квартален извештај објавен од лондонската истражувачка компанија за глобално државјанство и престој Henley & Partners. Јапонските граѓани уживаат безвизен пристап или пристап до рекордни 193 дестинации ширум светот, веднаш пред Сингапур и Јужна Кореја, чии граѓани можат слободно да посетат 192 држави. Потоа следат Германија и Шпанија, кои имаат на располагање 190 „бесплатни“ дестинации, а потоа се рангирани Финска, Италија и Луксембург со 189.
Потоа се редат се Австрија, Данска, Холандија и Шведска, кои се изедначени на петтото место, додека Франција, Ирска, Португалија и Обединетото Кралство се на 6 место. Нов Зеланд и САД се на седмото место заедно со Белгија, Норвешка, Швајцарија и Чешка. Граѓаните на Авганистан пак се на дното на индексот и можат да посетат само 27 земји без претходно да аплицираат за виза.
Хрватска се најде на 18 место. Граѓаните на оваа земја можат без виза да патуваат во 174 земји во светот. Босна и Херцеговина е на 49 место со 118 дестинации до кои нејзините жители можат да патуваат без виза. Србија е подобро рангирана од БиХ на 38 место со 136 дестинации, Северна Македонија на 44 место со 125 дестинации и Црна Гора едно место подолу со 124 дестинации. Најлошо позиционирано е Косово, на 101. место и со само 41 дестинација до кои имателите на косовски пасош можат да патуваат без виза. Сопствениците на албански пасош можат слободно да патуваат до 115 дестинации, односно Албанија е на 51. место.
Со години неколку земји се на врвот и нудат најмногу можности за патување за своите граѓани.