Промовирани огласи »

Православните верници денеска го слават празникот богојавленије кој се празнува уште од вториот век,поврзан е со крштевањето на Исус Христос во водите на Реката Јордан од страна на  Св Јован. Традиционално по повод празникот богојавлениије во реките се положуваат крстови,а оној што ќе го фати светиот крст се верува дека ќе го следи благослов, здравје среќа и бериќет во текот на целата година.

Како и во минатите години така и оваа најмасовно се очекува да биде во Скопје и Охрид.

Централтната манифестација во Скопје на која што ќе чиноначалствува Неговото блаженство Архиепископ Охридски и Македонски г.г. Стефан ќе се одржи точно напладне на мостот слобода.

Додека во охрид богослужбите во црквите ќе започнат во 7 часот наутро, а во 10 часот на градското пристаниште ќе биде положен светиот крст од страна на митрополитот дебарско кичевски Г.Тимотеј. А согласно законот за празници на РМ 19-ти јануари (Четврток) е неработен ден за граѓаните од православна вероисповед.

На овој ден именден празнуваат: Богдан (значи даден од Бога), Богдана, Бојан, Богомил (значи мил на Бога), Јордан, Данчо, Јорданка, Данка, Даница, Јован, Јованка, Јовица.

Промовирани огласи »

Мајкрософт планира да отпушти 10.000 вработени како дел од пошироките мерки за намалување на трошоците, соопшти компанијата во пријавувањето за хартии од вредност во средата, што ја прави најновата технолошка компанија која го преиспита персоналот во услови на економска несигурност.

Компанијата рече дека намалувањата доаѓаат „како одговор на макроекономските услови и менувањето на приоритетите на клиентите“, пренесува Си-Ен-Ен.

Говорејќи пред најавата за отпуштање на Светскиот економски форум (СЕФ) во Давос, Швајцарија, во средата, извршниот директор на Мајкрософт, Сатја Надела, рече дека компанијата не е имуна на послабата глобална економија.

Никој не може да ѝ пркоси на гравитацијата, а гравитацијата овде е економски раст прилагоден на инфлацијата, му рече тој на основачот на СЕФ, Клаус Шваб во дискусија во живо.

Повеќе технолошки компании направија длабоки намалувања на својата работна сила од почетокот на годината, бидејќи инфлацијата ги оптоварува трошоците на потрошувачите и зголемените каматни стапки го притискаат финансирањето. Побарувачката за дигитални услуги за време на пандемијата, исто така, опадна бидејќи луѓето се враќаат во нивните офлајн животи.

Надела рече дека ќе има „нормализација“ на побарувачката по брзиот раст за време на пандемијата, што ќе бара од технолошката индустрија да биде поефикасна.

Ќе треба да направиме повеќе со помалку, додаде тој.

Amazon (AMZN) објави дека планира да отпушти 18.000 луѓе, а Salesforce соопшти дека намалува 10 проценти од својот персонал. Мајката на Facebook (FB) Мета, исто така, неодамна објави 11.000 кратења на работни места, најголеми во историјата на компанијата. Во октомври, Axios објави дека Мајкрософт отпуштил помалку од 1.000 вработени во неколку одделенија.

Технолошките извршни директори, од Марк Цукерберг од Мета до Марк Бениоф од Salesforce, се обвинуваат себеси за превработување на почетокот на пандемијата и погрешно читање како порастот на побарувачката за нивните производи ќе се олади откако ќе се олеснат ограничувањата за Ковид-19.

Додека севкупниот пазар на трудот останува тесен, отпуштањата во технолошкиот сектор се зголемија со неверојатно темпо. Неодамнешниот извештај од фирмата за сместување Challenger, Grey & Christmas покажа дека технолошките отпуштања се зголемени за 649% во 2022 година во споредба со претходната година, наспроти само 13% зголемување на кратењето на работните места во целокупната економија во истиот период.

Мајкрософт ќе ја објави заработката од вториот квартал на 24 јануари. Бизнисот со облак компјутери Azure на софтверската компанија доведе до раст на приходите во текот на трите месеци до септември, бидејќи продажбата во нејзиниот оддел за персонални компјутери благо се намали.

Промовирани огласи »

Поранешниот главен архитект на Скопје, Никола Велковски, смета дека е време урбанизмот да почнат да го креираат да урбанистичките власти, а не сопствениците на градежни парцели и алчните инвеститори. Политиката „една парцела, еден објект“ дефинитивно ќе го задуши Скопје, вели тој.

Дали цените на становите во земјава ќе растат и годинава ќе зависи од побарувачката и од односот на сопствениците на градежни парцели и на инвеститорите. Во Скопје, дополнително на цената на квадратот ќе влијае и намалувањето на атрактивни локации за градење.

Сопствениците на градежни парцели бесрамно профитираат од ваквата состојба, велат познавачи на состојбите и градежници. Тие очекуваат стабилизирање на цените на ниво повисоко за 20 отсто во однос на годините пред пандемијата, но притоа треба да се реши и урбанистичкиот хаос што владее во Скопје.

Очекуваме цените да бидат одраз на пазарот и да се стабилизираат, но на повисоко ниво од она што го имавме пред пандемијата, за околу 20 отсто. Цените на градежните материјали веќе се стабилизирани, но затоа повисоки се трошоците за комуналиите за околу 50 отсто. Тоа влијае на цената на становите. Дополнително, имаме висока побарувачка, а намалена понуда на квалитетни станови. Некои инвеститори, кои немаат ништо со градежништвото, сакаат да профитираат и затиоа се нудат екстремно високи цени – вели Андреа Серафимовски, претседател на Здружението за градежништво на  Стопанската комора.

Не фрлајте пари, купувајте квалитет!

Има инвеститори коишто ја користат високата побарувачка на станови и во некои региони, како на пример во општина Центар, нудат станови со екстремна цена од 2.500 евра за квадрат, која реално не соодветствуваа на квалитетот. Ние немаме информација дека таква цена е наплатена за некој станбен објект, но кружат информации за тоа. Забележани се и екстремно високи проценти на отстапување на квадрати на сопственици на земјиштето во однос на периодот пред пандемијата, кога највисокиот процент беше 25 отсто, а сега надминува 35 отсто. Мислам дека сето ова ќе се надмине во наредниот период и очекувам конечно граѓаните да разберат дека треба да купуваат квалитетен стан – вели Серафимовски.

Архитектот Никола Велковски, кој е и поранешен градски архитект на Скопје, вели дека градежниците веќе немаат оправдување да ја зголемуваат цената како резултат на високите цени на струјата и на градежните материјали.

Сега главен збор ќе има побарувачката на станови која расте во последните години, како резултат на кризата. Граѓаните сметаат дека вложувањето во недвижнини е добра опција. Скопје и Охрид се избираат како најповолни градови. Секако, на цената на станбениот квадрат влијае и високиот раст на цената на градежните парцели, односно желбата на сопствениците на овие парцели да профитираат од фактот што во Скопје веќе нема атрактивни места за градење – вели Велковски.

Промовирани огласи »

КАЛАБАЛАК е градска кафеана во срцето на Скопје создадена за сите оние кои знаат да уживаат. Голем избор на специјалитети и пријатна атмосфера! За успешно да ги исполниме очекувања на сите наши гости и да ја понудиме најдобрата услуга, константно го прошируваме својот тим!

Моментално вработуваме:

ШАНКЕР/КА
КЕЛНЕР/КА
МЕНАЏЕР НА РЕСТОРАН
ГОТВАЧ/КА
ПОМОШНИК ГОТВАЧ/КА - САЛАТЕР/КА
ПИЦА МАЈСТОР/КА
САДОМИЈАЧ/КА
ДОСТАВУВАЧ/КА

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »