Промовирани огласи »

Во вторник ќе се замрзне цената на лебот и нема да биде над 33 денари и за белиот и полубелиот леб. Ова е само прв чекор од производите наведени во одлуката на Владата. Ќе следат и нови одлуки за замрзнување на цените. Се прават анализи за тестенините и тие средства ќе се користат за укинување на некои давачки, изјави на денешната прес-конференција Министерот за економија Крешник Бектеши.

Мерката, според Бектеши, ќе важи се додека ќе биде во интерес за граѓаните.

Цените, како што појасни Бектеши, нема да се зголемат по завршување на мерката, освен ако се зголемат цените на суровините и тогаш може да има нагло покачување на цената.

За овошје и зеленчук, Бектеши рече дека, чекаат предлог од МЗШВ, додека за другите производи речиси неделно ќе се прават поединечно анализи за сите производи и ако гледаат дека тоа се злоупотребува тогаш ќе донесат соодветни одлуки. 

Промовирани огласи »

Вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи кажа дека зголемувањето на минималната плата ќе биде 12,55 отсто, односно истата од март ќе изнесува 20.175 денари.

Се прават последните пресметки. Според законот секоја година ќе има ново усогласување, а оваа година мислам дека зголемувањето ќе биде 12,55 отсто, односно платата од март ќе биде 20.175 денари. Соодветно на тоа, ќе биде зголемена и бруто минималната плата, кажа Битиќи.

На почетокот на февруари и министерот за економија, Крешник Бектеши најави дека од март ќе има зголемување на платата.

Промовирани огласи »

Министерството за економија испрати предлог -одлука до Владата за укинување на мерката за субвенционирана електрична енергија на компаниите од прехранбената индустрија.

Според анализите на Министерството за економија, кај голем дел од компаниите кои што користеа субвенционирана електрична енергија од ЕСМ Продажба  по цена од 80 евра за мегават час, нема намалување на цените на основните прехранбени производи.

Врз основа на податоците од Државниот пазарен инспекторат, предлогот на Министерството за економија до Владата е да мерката да се укине за сите компании од прехранбениот сектор. Мерката за субвенционирана електрична енергија од 80 евра по мегават/час за компаниите кои вршат производство на основните прехранбени производи важеше од 1 декември 2022 до 30 април 2023 година. Мерката се однесуваше на компаниите кои што произведуваат производи - масло за јадење, леб и пекарски производи, брашно, млеко и млечни производи, месната и живинарската индустрија, велат од Министерството. 

Целта на оваа мерка беше компаниите од прехранбениот сектор да ги намалат цените на основните прехранбени производи.

Промовирани огласи »

Приказна која се прераскажува веќе 100 години. Пивара Скопје е автентична приказна од 1922 година. Приказната на Пивара Скопје е создена со многу труд, знаење, искуство и визија на тим од високомотивирани, лојални и способни поединци, извонредно добро обучени, почитувани и наградени. За Пивара Скопје луѓето секогаш се на прво место: потрошувачите, купувачите, вработените, деловните партнери, граѓаните. Пивара Скопје припаѓа на две големи интернационални семејства, Coca-Cola и Heineken и сите заедно остануваат посветени на обезбедување највисок квалитет на портфолиоото на безалкохолни пијалаци и пиво.

Успесите се вредни само ако се споделуваат. Пивара Скопје е компанија која гради силни и позитивни релации со заедницата и вложува време и ресурси во поддршката на општествените вредности во целина. Затоа константно го надградува својот тим!

Доколку работењето во Пивара Скопје за вас преставува кариерен предизвик, аплицирајте на огласите подолу.

Како активно е следново работно место:

EMPLOYER BRANDING - ПРАКТИКАНТ

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »