Промовирани огласи »

Кога сте нови на вашето работно место правилото е дека никогаш не смеете да кажете „не“. Луѓето очекуваат од вас, да бидете безусловно посветени на работата и да имате 100% остварување на реално зададените обврски.

Генерално тоа е така, меѓутоа доколку почнувате да прифаќате секаков тип на обврска, многу лесно можете да си навлечете голем проблем. Вие всушност оставате впечаток дека можете да завршите сѐ. Токму од таа причина вашите претпоставени постојано ќе имаат големи очекувања, за кои не би било пријатно доколку не ги остварите.

Според едно истражување спроведено од страна на Кристин Вонг, природното поставување на границите во вашата канцеларија, започнува тогаш кога ќе научите да одговарате со „Не!“. Доколку овој збор прави да се чувствувате непријатно, верувале или не, не сте единствени.

За да си ја поедноставите целата „стратегија за одбивање“, започнете со користење на фразата „Не го правам тоа!“ наместо „Не можам да го направам тоа!“.

Вистината е дека доколку кажете „не можам“ тоа звучи како изговор и изгледа непрофесионално. Меѓутоа ако кажете „Не го правам тоа!“, тогаш вие ќе бидете исперцепирани од околината како личност со став и силен карактер.

Како и да е, способноста да кажете „не“ дефинитивно значи дека вие седите на возачкото седиште во вашиот живот. Па така, доколку нареден пат шефот побара од вас да останете прекувремено на работа, а вие имате неодложни обврски, слободно кажете „не“. Никој нема да ве сфати погрешно.

Промовирани огласи »

Дали ви се случило да забележите дека вашиот глас се менува и звучите различно во различни ситуации или пак додека зборувате со различни луѓе?

Кога зборуваме не ни размислуваме за тоа како звучи нашиот глас, сè додека не забележиме нешто навистина поинакво што едноставно неможе да помине незабележано.

Сите сме поминале низ тоа. Дали кога се јавуваме да прашаме зошто интернетот наеднаш го снема, дали на интервју или пак кога зборуваме со некој кој навистина ни се допаѓа.

Наеднаш гласот прескокнува неколку октави или станува многу тивок како на мало дете. Едноставно звучни чудно и навистина не би сакале да се наоѓаме често во ваква ситуација.

Според истражување направено на еден универзитет, ова е многу чест феномен. Феноменот е најчесто поврзан со тоа како го перципираме статусот на личноста со која разговараме.

Луѓето го менуваат својот глас според тоа колку се чувствуваат доминантни во разговорот. Во истражувањето, научниците симулирале задача со интервју за работа и забележале дека гласот на оние кои учестувале во задачата се променувал значително според тоа колку поголем статус имале оние кои им го правеле интервјуто.

Истражувачите исто така ги прашувале и оние кои учестувале во задачата многу лични прашања за да согледат каква е нивната перцепција за самите себеси.

Од истражувањето заклучокот бил дека, кога разговараме со некој кој го перципираме како подоминантен од нас, интензитетот на нашиот глас се зголемува. Ова се случува поради потсвесната потреба дека се чувствуваме многу понизни и несакаме тоа да се забележи во разговорот.

Перцепцијата на луѓето за нивниот статус во општеството игра огромна улога во тоа како комуницираме и како звучи нашиот глас. Луѓето од висок статус кога разговараат со луѓе кои исто така имаат висок статус воопшто не го променуваат својот глас.

Промовирани огласи »

Размислувате дали во вашиот тим треба да доминираат млади или повозрасни луѓе? Искуство и зрелост или пак нескротлив млад дух, брзина и мотивација?

KARIERA.mk е тим од млади индивидуи и ние ви издвојуваме неколку причини зошто е убаво кога работите опркужени со млади луѓе.

Пониски плати, помалку дополнителни пакети и желба за самодокажување

Бидејќи голем дел од младите работат со скратено работно време – и тоа може да е нивната прва работа – тие можат да се задоволат и со работа на минимална плата, која им нуди флексибилен распоред и можност да научат некои вештини.

Често младите, особено оние на возраст до 21 година, не им се потребни никакви приходи кои постарите работници ги очекуваат.

Свежа перспектива

Многу бизниси можат да имаат корист од ангажирање на Gen Z („генерација на интернет“) вработени кои гледаат на светот од многу различна гледна точка, од постарите генерации.

Даночни олеснувања

Некои држави им нудат на работодавците даночни кредити при вработување на млади работници. Во САД има и специјални даночни олеснувања за сопствениците на претпријатијата кои вработуваат свои деца.

Така и во нашата држава, сите вработени до 28 години подлежат на даночни олеснувања.

Способност да остават впечаток

Помладите кадри не формирале навики, особено работни, до степен, пропорционален со постарите колеги, кои имаат повеќе искуство.

Ова им дава на работодавците подобра можност да ги обучуваат луѓето на методите и практиките кои се добри за нивните компании.

Промовирани огласи »

Ако работите премногу часови во канцеларија, тоа може да предизвикате сериозни срцеви заболувања и полека да се самоубиете без дури и да го сфаќате тоа.

Ново истражување објавено во „Journal of Occupational and Environmental Medicine“, тврди дека работохолиците се сериозно загрозени од срцеви болести.

Луѓето кои работат по 55 часа неделно се подложени на 16% поголем ризик од срцев удар во споредба со оние кои поминуваат во канцеларија 45 часа. А оние кои седат зад бирото 65 часа со 33%.

Причината за тоа е комбинација од фактори како физички замор и психички стрес, тврди авторот на студијата Сејди Корнвеј, асистент професор на Универзитетскиот здравствен центар во Хјустон. При стрес, телото произведува високо количество хормони како кортизол и адреналин кои го зголемуваат холестеролот и крвниот притисок.

Покрај тоа, ако работите премногу, немате време за здрав начин на живот како спорт, правилна исхрана и одмор. Недостатокот на доволно спиење и физичка активност го спречува телото да се ослободи од напнатоста и да се релаксира.

Во случај ако немате избор и мора да работите многу, Хјустон советува да развиете здрави навики кои треба да ја компензираат на некој начин исцрпеноста и да ви помогне да го наполните телото со енергија.

На пример 20 минутни прошетки до работното место, задолжително искористување на паузата за ручек и дополнителен одмор од најмалку 10 минути на секои 2 часа. Пожелно е да внимавате што јадете и да ги потенцирате производите кои содржат протеини, витамини и корисни масти.

Навечер, пак исклучувајте го телефонот, за да обезбедите минимум 7 часа спиење.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »