Изморени сте од стандардниот процес на барање работа? Дали сте подготвени за нов пристап кон наоѓање на вашата посакувана работа? Не барајте повеќе! Мајорел го има одговорот.
„Instant Job Match – pick your recruiter and get a job„ е настан со кој Мајорел Скопје на 26.04.23. од 12:00 до 17:00 часот повторно ги отвара своите врати за сите заинтересирани кандидати кои зборуваат германски јазик.
Сите кои одлично го владеат германскиот јазик се добредојдени да ги посетат просториите на Мајорел за брзо интервју за работа, каде ќе се тестира вашето познавање на германскиот јазик.
„Instant Job Match – pick your recruiter and get a job„ е настан кој ќе ви даде можност лично да се поврзете со регрутерите на Мајорел и потенцијално да добиете работа на самото место! Со овој концепт за брзо интервју, ќе имате шанса да ги покажете своите вештини и искуство на брз и ефикасен начин и да ја добиете работата веднаш.
Без разлика дали сте неодамна дипломиран, или штотуку имате завршено средно образование, искусен професионалец, дали имате работно искуство или не, овој настан е совршена шанса да ја преземете контролата врз вашето барање работа и да се поврзете со Мајорел.
Не ја пропуштајте оваа одлична можност! Регистрирајте се, изберете го вашиот регрутер, имајте интервју и вработете се.
Регистрацијата за настанот е отворена до 24.04.23.
Регистрирајте се ОВДЕ и направете го првиот чекор кон вашата идна кариера.
За Мајорел:
Мајорел е интернационална компанија со повеќе од 82 000 вработени во 45 земји ширум светот, обезбедува корисничка поддршка за едни од најпознатите светски брендови. Канцеларијата во Скопје обезбедува корисничка поддршка на германски и англиски јазик за клиенти од туристичката и телекомуникациската индустрија. Мајорел Скопје неодамна беше сертифицирана како Great Place to Work.
Мајорел вработува и без работно искуство, потребно е одличното познавање на некои од светски користените странски јазици е еден од условите за вработување во Мајорел.