Промовирани огласи »

Сигурни досега не сте слушнале дека берзата потекнува од античко време, ниту дека на почеток се тргувало на улиците, но и дека најстарата берза од модерно време се формирала во Белгија. Ова се само неколку од фактите кои се поврзуваат со берзата.

Прочитајте кои се десетте најинтересни факти:

Берзата потекнува од античко време
Иако финансиските пазари се сметаат за модерна творба, постојат докази дека со некои видови акции се тргувало уште во Римското царство. Во тоа време Цицерон велел дека акциите имаат многу висока цена, укажувајќи на инструментите со кои се тргувало, а чија вредност била директно поврзана со успехот на одредени организации (нешто слично на денешните фирми).

Американската берза на почетокот се викала „Курб“ (The Curb), што буквално значи дека првите трговци на берзата со своите тргувања почнале на улиците на Њујорк, и тоа седејќи покрај тротоарите.

Пред неколку години е прославена 224-годишнината на Њујоршката берза.
Повеќето луѓе знаат дека оваа берза постои многу долго, но малкумина од нив знаат дека Њујоршката берза постои повеќе од два века. Таа воедно е и најголемата берза на светот според пазарната капитализација на компании кои на неа тргуваат.

Многу е тешко да се котира на Њујоршката берза.
Имено, некоја компанија за да котира на најголемата берза на светот мора да има емитувани акции со вредност повеќе од 100 милиони долари и минимално остварена добивка од 10 милиони долари во последните три години. На сите други берзи е далеку полесно да котираат компаниите.

Шангајската берза е втора по големина берза во светот, според обемот на тргување, односно волуменот.
Имено, на оваа берза месечниот волумен изнесува 1.278 милијарди долари, додека на Њујоршката волуменот изнесува околу 1.520 милијарди долари.

„Ценовните балони“ на берзата се природна појава која се случува периодично.
Сите се сеќаваат на кризите на светските берзи, почнувајќи од најсвежата од 2008 година, преку технолошката од 2000 година, до оние од 1987 и 1929 година. Меѓутоа, покрај споменатите кризи кои датираат од „модерното време“, има кризи кои настанале и во 17 и во 18 век, а можеби најпозната од сите е „tulip mania“. Без разлика кога кризите се појавиле, за сите е заеднички т.н. „ценовен балон“, кој е настанат како директна последица на предолгата нерационалност меѓу инвеститорите, која порано или подоцна пазарот мора да го врати во рамнотежа.

Берзанските индекси претставуваат пакет акции со чија помош полесно се следи ценовното движење на цела група
Најпознат светски индекс е СиП 500 кој опфаќа пакет од 500 најпознати компании во САД. Почнувајќи од 1928 година до денес, овој индекс на инвеститорите им носел просечен годишен принос од дури 11,4 отсто. Тоа значи дека ако во 1928 година сте вложиле само 100 долари во индексот СиП 500, вашата заработка денеска би нараснала на енормни 360.000 долари.

Најстарата берза на светот во модерното време настанала во Белгија, во 1460 година.

Најголема цена која е платена за место во бокс на Њујоршката берза е 2.650.000 долари, додека најниската цена била 4.000 долари, во 1876 година. 

Првите тикери или ознаки на акции, а кои се неизбежен дел од тргувањето денеска, се користат уште од 1867 година.

Промовирани огласи »

Изградбата на кампусот на „Епл“ полека влегува во завршна фаза, а отворањето на кампусот наречен „Spaceship“ се очекува да се случи во текот на 2017 година. Огромен дел од работите се завршени во последниве шест месеци, пишува Бизнис инсајдер.

Кампусот треба да стане дом за 13.000 вработени во „Епл“.

Погледнете повеќе во видеотo

Промовирани огласи »

Францускиот суд ја прогласи Кристин Лагард, претседателот на Меѓународниот монетарен фонд, за виновна под обвинение за невнимание, но го одби барањето на обвинителството и донесе одлука дека таа нема да биде казнета.

Лагард, како  министер за финансии на Франција во 2008 година одобри награда во висина од 404 милиони евра за бизнисменот Бернар Тапи.

Лагард, која не беше присутна за време на изрекувањето на одлуката, минатиот петок изјави дека не се чувствува виновна.

Промовирани огласи »

Не знаете како да почнете да барате нова работа додека се уште сте на вашето старо работно место? Вие треба да знаете како да го направите тоа, во случај да треба да избегате од не поднослива работна  средина, но не можете да си дозволите да престанете да работите, додека не најдете нова опција. Еве 5 маки кои начесто ги мачат овие луѓе:


1. Што ако дознае мојот директор?

Не кажувај некому! Не им кажувајте на вашите колеги за вашата потрага по нова работа, и не им дозволувајте да го користат вашиот деловен е-мејл или телефон за да случајно не дознаат за вашата мала тајна. Одговарајте на понудите за работа за време на ручек, за време на вашата пауза, во вечерните часови или за време на викендите. Обрнете им внимание на работодавците каде аплицирате дека вашата апликација е доверлива!

2. Како можам да одам на интервју за работа, ако сеуште работам со полно работно време?

Јасно наведете дека во моментот сте вработени и дека вашите обврски не завршуваат до 5 часот. Доколку компанијата е навистина професионална, тие ќе покажат добра волја и професионалност за да се сретнат со вас подоцна. Добар работодавец ќе разбере дека не може да најде одличен апликант во 2 часот на пладне!

3. Што да правам ако мојот шеф дознае дека барам нова работа?

Ако вашиот шеф се посомнева дека барате нова работа можете со насмевка да кажете дека секогаш сакате да бидете во тек со настаните и дека сакате да го изразите вашиот талент во најдобро светло бидејќи секој треба да го прави тоа!

4. Што ако одам на интервју за работа и се сретнам со некој што го знам?

Веднаш штом завршите јавете му се на тоа лице  и објаснете му дека вашата средба на таа локација е доверлива и дека не би сакале никој да дознае за тоа.

5. Што ако имам разговор во 5:15 попладне? Како можам да објаснам зошто сум облечен/а во костум на работа, кога јас секогаш носам фармерки, маичка или никогаш не носам вратоврска?

Едноставно не можете да објасните! Најдобро е да ги планирате вашите интервјуа за малку подоцна во вечерните часови, или пак да ја оставите вашата облека за на интервју во колата каде што после работа ќе можете да се пресоблечете.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »