Промовирани огласи »

Трабант, некогашниот симбол на Источна Германија, денес станува вистинско колекционерско уживање со цени кои достигнуваат и до неколку десетици илјади евра.

Трабант, познат и како „Траби“, повеќе не е само остаток од минатото. Овој автомобил, кој беше икона на Источна Германија, денес е деликатес во светот на колекционерството.

Во времето кога беше произведен, Трабантот беше предмет на потсмев поради неговата каросерија направена од пластични и текстилни влакна, како и застарениот двотактен мотор. Сега, откако се стекна со статус на олдтајмер, ситуацијата драстично се промени.

Од падот на Берлинскиот ѕид, „Траби“ станува се поретка глетка на германските патишта. Сепак, 32 години по прекинот на производството, овој иконски источногермански автомобил доживува некаква заживување. 

Од почетокот на годинава на патиштата се вратија повеќе од 40.000 функционални и регистрирани трабанати, пишува 24ur.com.

"Кога возам се чувствувам посебно. Се тресе, но автомобилот е сеуште жив", нагласува Јирген Валтер, сопственик на 60-годишен Трабант. За својот автомобил платил 3.000 евра, а за неговата реставрација вложил дополнителни 6.000 евра.

Додека ова возило се сметаше за речиси безвредено во 90-тите години на минатиот век, денес колекционерските модели на овој автомобил можат да чинат и до 30.000 евра.

За многумина зачуваниот Трабант е повеќе од автомобил - тој е дел од историјата и начин на живот, а за некои е и можност за солидна заработка.

ФОТО: Unsplash

Промовирани огласи »

Граѓаните тешко ја преживуваат скапотијата, а огромни главоболки им предизвикуваат високите цени на овошјето и на зеленчукот на пазарите и во супермаркетите.

Тие се жалат дека актуелните цени се исти како оние во февруари кога робата се увезува, но за разлика од тогаш, посочуваат потрошувачите, сега има најголема понуда на домашен зеленчук и домашно овошје.

Стана неиздржливо да се живее со една просечна пензија, бидејќи, ако ми верувате, не можам да си дозволам да си купам овошје и зеленчук барем еднаш во месецот. Сѐ е многу поскапено. Се срамам ова да го кажам, ама често ми се случува да купам овошје на парче, затоа што не можам да си дозволам да купам цел килограм. Или барам по тезгите каде има овошје и зеленчук со послаб квалитет и со пониска цена. Па ако сега е толку скапо, среде лето, кога имаме претек од домашни овошки и зеленчук, тогаш какви ќе бидат цените од септември кога луѓето ќе прават зимници? Слушнав дека ќе се соочиме со уште еден бран скапотија, а најавени се и цени со покачување на ДДВ-то, покачување на парното, на електричната енергија. Тешко на народот – ни искоментира Благица Серафимова, пензионерка од Скопје.

Земјоделците, пак, се правдаат дека цените на производите се високи затоа што пролетните дождови го преполовиле плодот.

Многу врнеше и не се роди доволно род како што очекувавме. Плус, моравме оваа година да намалиме со обработлива површина затоа што немаме доволно работници кои сакаат да работат на нивите. Затоа ги продаваме производите малку поскапо од ланската година, но за енормните цени на пазарите не сме ние виновни. Едноставно, пазарџиите доаѓаат кај нас и купуваат роба за одредена цена, а потоа таа роба ја изложуваат на тезгите и ја продаваат за 150 или за 200 пати поскапо. Никој не ги контролира и очигледно никој не им може ништо. Граѓаните мислат дека кај нас е вината и нас нѐ колнат поради поскапувањето, но добро е да знаат кој е тој што најмногу заработува – изјави Симеон, земјоделец од Струмичко.

Колку за илустрација, податоците на земјоделско-пазарниот систем на Министерството за земјоделство го говорат токму тоа за коешто се жалат земјоделците.

На пример, во јули годинава, еден килограм пиперки на кванташки пазар изнесувал 47 денари, а на пазарот во Струга истите тие пиперки се продавале за 110 денари.

Доматите во јули имале просечна набавна цена од 45 денари, а на пазарот во Крива Паланка се продавале за 80 денари.

Истото се случувало и со цените на овошјето. Дињата се продавала по набавна цена од 50 денари за килограм, а на пазарите килограмот изнесувал 100 денари.

Како и да е, есенва граѓаните ги очекува нов пораст на цените на прехранбените производи и на овошјето и на зеленчукот, бидеќи дел од производителите поради повисоки трошоци најавија повисоки цени, а земјоделските производи ќе имаат повисока цена и поради повисоката потрошувачка, а малото производство.

Анализите на експерти од повеќе земји велат дека цените на храната нема да паѓаат и во изминатиот период, а сето тоа ќе влијае и на инфлацијата која од почетокот на војната во Украина тешко се одржува на задоволително ниво.

Промовирани огласи »

Вредноста на биткоинот се намали за 2,26 отсто на 26.140 евра. Ова е пад за 24 часа. 

Во 15:20 часот денеска на најголемата светска берза за криптовалути, Binance, биткоинот имаше вредност од 26.147,44 евра. Вкупниот обем на тргување со биткоин во последните 24 часа изнесува 12,73 милијарди евра. Индексот на страв и алчност поврзан со Биткоинот денеска е на ниво од 50, во категоријата „неутрални“, додека вчера беше на ниво од 52. Вредноста на криптовалутата итриум (ETH) се намали за 1,69 отсто, на 1.642,30 евра, како и вредноста на бинанс монетата (BNB) – за 1,07 отсто на 211,92 евра. Претходните години биткоинот имаше и двојно повисока вредноста од актуелната. 

foto freepik.com

Промовирани огласи »

Сите термини за личниот доход се поминати, веќе пенали се плаќаат, ако денеска не помине платата во ЈСП, јас мислам дека утре гладните вработени пак ќе излезат на протест како што излегоа во октомври, изјави за МИА Миќо Стојановски, претседател на еден од трите репрезентативни синдикати на Јавното сообраќајно претпријатие Скопје.

Тој потенцира дека на вработените не им е грижа за причините за доцнењето на платите затоа што тие во текот на месецот ги извршуваат своите работни обврски и покрај недостатокот на кадар.

– Со години наназад истиот проблем се решава ад хок за да се смират тензиите и притисоците врз вработените. И буџетот што го донесе Советот на Град Скопје за 2023 година беше побогат за неколку милиони евра за субвенции на ЈСП Скопје. Владата исплаќа блок дотации што еве во моментов или доцнат или ги нема. Се надевам ќе дознаеме во што е проблемот и полека ќе почнеме да ги решаваме работите, изјави Стојановски.

Тој информира дека денеска добиле порака од генералниот менаџер на ЈСП Крсте Петревски, оти средствата ќе легнат на сметка на претпријатието. Но, како што вели, истото им било кажано и во претходните два дена.

– Нема зошто да не веруваме дека тоа ќе биде така. Меѓутоа, и да биде така и да добиеме плата денеска, мораме да најдеме решение затоа што веќе сме уморни од молби од барања за сѐ да биде исплатено на време. Ако ние ги завршуваме обврските, тогаш, редно е и Градот да се раздолжат кон претпријатието. 

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »