Промовирани огласи »

Просечната плата во јуни во Хрватска се зголеми на 1.150 евра. 

Таа е номинално повисока за 12,4 отсто, а реално за 4,5 отсто, покажуваат податоците на Централниот завод за статистика (ДЗС). Највисока просечна месечна нето плата е исплатена во индустријата за авиосообраќај, 1.943 евра, а најниска е во индустријата за производство на облека, 742 евра. За работен час, хрватските работници во просек земаат по 6,44 евра, што е за 5,7 повеќе од мај, а за 12,2 отсто повеќе од јуни лани.

За споредба, во Македонија просечната нето плата во јуни годинава изнесуваше 36.527 денари. 

foto freepik.com/roman-

Промовирани огласи »

Матичните лекари отсега ќе може да препишуваат хронична терапија за најчестите болести без пациентот да биде препраќан на специјалист, според точно дефинирани упатства. Околу 700 матични лекари се едуцирани за нов правилник за препишување терапија. Доктор Злате Мехмедовиќ, координатор на реформите за примарна здравствена заштита истакнува дека процесот на трансформација во здравството ќе трае три години, а целта е преку матичните лекари кои се доволно обучени и компетентни, да се обезбеди подобра превенција, дијагностика и третман на најчестите болести како висок крвен притисок, дијабетес, хипoтироидизам и астма. Според анализите, во земјава има голем број недијагностицирани случаи на хронични болести, затоа што се чека предолго додека пациентот да пројави симптоми, наместо да биде откриен во рана фаза и така да се почне навремено лекување.

Нема потреба од непотребно закажување на специјалист само за да се препише терапија или да се направи одредена дијагностичка процедура. Променет е режимот на препишување лекови. Матичните лекари сега ќе препишуваат повеќе лекови за контрола на крвниот притисок, дијабетес, астма и хипотироидизам. Матичните лекари имаат поголеми ингеренции за дијагностика, да препишуваат упати кон лабораторија со цел да го следат пациентот и исто, може да ги препишуваат лековите со исти компетенции како што досега тоа го правеа лекарите специјалисти, истакна доктој Мехмедовиќ.

Матичните лекари ќе добијат стручни упатства во која фаза како треба да постапат со пациентот. Според министерот за здравство Фатмир Меџити, на ваков начин ќе се растовари и преполнетиот Клинички центар каде пациенти од внатрешноста досега мораше да возат само за да им биде продолжен упатот од специјалистот. Сега таа работа ќе ја преземат матичните лекари, а ќе се направи и скрининг на ризичната популација. Превентивните програми на матичните лекари со трансформацијата на здравствениот систем ќе заминат во историјата, зашто според доктор Мехмедовиќ, не се ефикасни и доведоа до тоа во државата да има голем број на хронично болни што не знаат дека се болни, односно не се дијагностицирани.

Точно ќе знаеме кои пациенти се во ризична група а кои треба да се следат од самиот почеток уште пред да развијат манифестна болест. Сега имаме реална состојба во која не би можеме да кажеме дека е поволна за нашата земја. Да имате 500 илјади луѓе кои се заболени со хипертензија, 250 илјади луѓе со дијабетес, треба да поработиме на тоа да го исконтролираме делот од пациенти кои се асимптоматски и кај кои рано може да се почне со превенција. Затоа во овие протоколи освен дијагностика, терапија има и скрининг. Главната мерка која ќе го контролира начинот на кој ќе се водат пациентите ќе биде квалитетот. Подоцна ќе воведеме клинички патеки и индикатори за квалитет. Во Мој термин ќе има посебен модул кој точно ќе покажува во одреден момент со хронично заболување е лошо третиран и да го повикате кај вас. Системот ќе стане проактивен и следејќи ги сите пациенти поединечно ќе знаете дали квалитетот на услугите ви е добар или лош. Нема да има потреба од превентивните програми, рече доктор Мехмедовиќ.

Најавено беше и дека дел од термините кај матичниот лекар ќе бидат со закажување и тоа електронско. Министерот Меџити најави дека се работи и на тоа „да се знае со еден клик во секоја здравствена институција колку лекови се администрирани“. Главниот фокус на оваа трансформација на здравствениот систем е тоа да се овозможи превенција, односно тие пациенти што се без симптоми а имаат болест, рано да се пронајдат.

Како светот го прави тоа? Влегува пациент, помлад од 45 години во ординација кај матичниот лекар. Гледате дека е обезен, дека има ризик фактори кои се пропратни. Тогаш ќе направите скрининг за дијабет кај него, независно од причината. Да не се чека да се развие симптоматска болест. На ваков начин матичните лекари го добиваат статусот на вистински лекари кои вистински се грижат за здравјето на своите пациенти и тоа сега им е овозможено со протоколи и законски измени кои тоа им го даваат. Имаше жалби од матичните лекари дека не можат да препишуваат одредени лекови, или да прават дијагностички процедури, сега тоа им се овозможува, објасни доктор Мехмедовиќ.

Кога матичниот лекар нема да може да ја потврди дијагнозата или да ја следи состојбата тогаш согласно клиничката патека пациентот ќе биде упатен на специјалист. Во протоколите точно е утврдено во кој момент пациентот ќе биде упатен на секундарно и терциерно ниво.

Промовирани огласи »

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија извести дека е донесена Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,04% во однос на одлуката од 14.8.2023 година.

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат во просек зголемување кај бензините за 2,556%, кај дизелот има намалување за 2,350%, кај екстра лесното масло намалување за 1,609% и кај мазутот намалувањето е за 1,910%.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок за 0,34%

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалува за 1,00 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се намалува за 0,50 ден/лит.

Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се зголемува за 1,00 ден/лит, додека малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемува за 1,50 ден/лит.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,567 ден/кг и сега ќе изнесува 46,025 ден/кг.

Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 22.8.2023 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени, велат од РКЕ. 

Промовирани огласи »

ВАН ХООЛ МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ Илинден, белгиски реномиран производител на автобуси, лоциран во Технолошко Индустриската Развојна Зона – Скопје 2, во Бунарџик/Илинден.

ПРОЦЕСЕН ИНЖЕНЕР
ИНЖЕНЕР ЗА ЗАВАРУВАЊЕ
ИНСПЕКТОР ЗА КВАЛИТЕТ
ЕЛЕКТРО ИНЖЕНЕР - ЕЛЕКТРОНИКА И АВТОМАТИКА
ТЕХНИЧАР ЗА ОДРЖУВАЊЕ

Сите останати активни работни позиции во Ван Хоол можете да ги најдете ТУКА.

Се уште невработени?! Останатите работни позиции можете да ги најдете ТУКА.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »