За компанијата: ВДЛ ВАН ХООЛ МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ Илинден, белгиски реномиран производител на автобуси, лоциран во Технолошко Индустриската Развојна Зона – Скопје 2, во Бунарџик/Илинден, контакт тел.бр. (02) 551-2851
повеќе за компанијата »ОПИС НА КОМПАНИЈАТА:
Van Hool е реномиран производител на автобуси и комерцијални возила од Белгија и е најголем независен производител на автобуси во Европа со над 4,000 вработени. Повеќе од 70 години Van Hool е препознаен по својот оригинален, динамичен и прилагоден кон клиентот дизајн, како и по високиот квалитет и современите технолошки решенија.
За растечките потреби на нашиот производен капацитет Ван Хоол Македонија, лоциран во Технолошко Индустриската Развојна Зона – Скопје 2, во Бунарџик/Илинден отвораме нови работни места за следниве позиции:
РАБОТНА ПОЗИЦИЈА: Процесен инженер
КРАТОК ОПИС:
Бараме Процесен инженер кој ќе биде одговорен за имплементација и валидација на производниот процес. Дополнително ќе се очекува успешниот кандидат да ги подобрува индустриските процеси со цел зголемување на ефикасноста, намалување на трошоците, подобрување на одржливоста во насока на зголемување на профитабилноста.
РАБОТНИ ЗАДАЧИ:
- Развивање, конфигурирање и оптимизирање на индустриските процеси од самиот почеток па се до завршување на процесот;
- Валидирање на процесите во производствопреку нивнапроценка и анализа (PFMEA) , со помош на мерења и толкување на податоците;
- Развивање на најдобри практики, рутини и иновативни решенија за подобрување на производните стапки и квалитетот на аутпутот, следење и проверка на нивната имплементација и практикување;
- Изведување на процесни симулации;
- Обезбедување документација за процесот и упатства за работа;
- Проверка на постоечките работни инструкции и нивното практично користење. Препораки за нови работни инструкции и ревизија на постоечките.
ПОТРЕБНО ОБРАЗОВАНИЕ, ВЕШТИНИ И СПОСОБНОСТИ:
- Завршени додипломски студии од технички факултети;
- Претходно работно искуство во процесно инженерство ќе се смета за предност;
- Познавање на стандарди поврзани со процесот;
- Искуство во процесни симулации;
- Работно познавање на софтверски пакети за процесно инженерство ќе се смета за предност;
- Користење на AutoCad или слични вештини;
- Способен да комуницира на англиски (пишување, зборување, разбирање).
ШТО НУДИМЕ:
- Конкурентни месечни примања;
- Раст на платата минимум еднаш годишно според успехот;
- Регрес за годишен одмор од 23.100 денари;
- 24/7 дополнително осигурување од незгода;
- Бесплатен топол оброк со избор на повеќе менија во кантина со ресторански стандард;
- Обезбеден превоз до/од работното место;
- “Купи со попуст” - одобрени попусти за вработени во одредени продажни места;
- Безбедна и здрава работна околина со заштита според највисоки европски норми за безбедност и здравје при работа во таква средина;
- Можност за мултинационално-препознаено професионално континуирано усовршување кај еден од најреномираните производители на автобуси;
- Доколку сте заинтересирани испратете го Вашето CV (работна биографија) на англиски или на македонски јазик на www.vanhool.mk, во делот “отворени работни места”.
Само селектираните кандидати ќе бидат повикани на разговор.
Со Вашето доставување на CV се согласувате истото да биде задржано во нашата база на кандидати во времетраење од 12 месеци.
Слични огласи »