Електро инженер - електроника и автоматика

За компанијата: ВДЛ ВАН ХООЛ МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ Илинден, белгиски реномиран производител на автобуси, лоциран во Технолошко Индустриската Развојна Зона – Скопје 2, во Бунарџик/Илинден, контакт тел.бр. (02) 551-2851 повеќе за компанијата »

ОПИС НА КОМПАНИЈАТА:

Van Hool е реномиран производител на автобуси и комерцијални возила од Белгија. Van Hool е најголем независен производител на автобуси во Европа со над 4,000 вработени. Повеќе од 75 години Van Hool е препознаен по својот оригинален и динамичен дизајн прилагоден кон клиентот, како и по високиот квалитет и современите технолошки решенија.

За растечките потреби на нашиот производен капацитет Ван Хоол Македонија, лоциран во Технолошко Индустриската Развојна Зона – Скопје2, во Бунарџик/Илинден отвораме нови работни места за следниве позиции:

РАБОТНА ПОЗИЦИЈА: ЕЛЕКТРО ИНЖЕНЕР – ЕЛЕКТРОНИКА/АВТОМАТИКА

РАБОТНИ ЗАДАЧИ:

  • Дава техничка поддршка на вработените во производство, користејќи електрични инструменти, електрични шеми и упатства
  • Иницира, собира, разгледува, проценува и проследува предлози за подобрувања или измени во електричните инсталации на возилата, параметрите во електронските системи на возилата
  • Врши по потреба корекции на шеми со соодветни CAD алатки

ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ И ЗНАЕЊА:

  • ВСС – Електро инженер од областа на електроника/автоматика
  • Познавање на англиски јазик (чита, пишува, говори)
  • Познавање на MS Office апликациите, особено Excel
  • Познавање и работа со графички софтвери како AutoCAD, или слични
  • Предност ќе имаат апликантите со искуство во автомобилската индустрија, или во сервисирање и одржување на моторни возила, како и познавање на CAN BUS системи

ШТО НУДИМЕ:

  • Конкурентни месечни примања
  • Специјализирани стручни обуки во и надвор од земјата
  • Раст на платата минимум еднаш годишно според перформансите
  • Регрес за годишен одмор од 23.100 денари
  • 24/7 дополнително осигурување од незгода
  • Бесплатен топол оброк со избор на повеќе менија  во кантина со ресторански стандард
  • Обезбеден превоз до/од работното место
  • “Купи со попуст” - одобрени попусти за вработени во одредени продажни места

Доколку сте заинтересирани испратете го Вашето CV (работна биографија) на англиски или на македонски јазик на www.vanhool.mk, во делот “отворени работни места”.

Само селектираните кандидати ќе бидат повикани на разговор. 

Со Вашето доставување на CV се согласувате истото да биде задржано во нашата податочна база на кандидати во времетраење од 12 месеци. 

 

 

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

Слични огласи »

Внеси нов оглас

барај огласи за вработување » барај останати огласи »